SkillUp супер херои: Ангела од академијата за Web Design!

Најинтересно ми беше на Олимписките Игри, кои не беа поврзани со програмирање, беше настан каде повеќе ќе се опуштиме од програмирање :) . Беше мнооооогу забавно, дружбата со останатите деца од академија беше фантастична, преубаво си поминав!

Суперхерој на денот: Ангела Камчева.
Прва година на академијата за веб дизајн.
Вториот од Чарлиевите АНГЕЛИ на академија. Ужива да слуша музика по цееееел ден, активно се занимава повеќе години со одбојка, а се шушка и дека била и најдобра во екипата!
Тргнете се, Ангела сервира!

1.Како си?

Одлична!

2. Која е Ангела?

Јас сум Ангела Камчева, имам 13 години и сум ученичка во осмо одделение во ООУ ”Блаже Конески”.

3.Што правиш кога не програмираш?

Кога не програмирам, што ретко се случува, тренирам одбојка, уживам да излегувам во долги прошетки со другарките, слушам музика, учам… 🙂

4.Како стаса да се запишеш на академија, како слушна за skillup?

За академијата слушнав од моја другарка, која беше запишана претходната година. Од нејзе слушнав многу убави и позитивни работи за академијата и за менторите, па решив и јас да се “пробам” во програмирање. Така стасав да се запишам и можам да кажам дека не згрешив што се запишав.

5.И што ќе ни кажеш за академијата?

Како што кажав за академијата имам само убави зборови! Оваа година ми е прва година како студент во skillup и си минам прекрасно. Запишана сум на академијата за веб дизајн, кадешто учиме како да правиме статички веб сајтови со HTML, CSS и Bootstrap. Не е многу тешко, има делови кои се комплицирани, но тука е нашиот ментор Баже да ни го поедностави материјалот. Организираниот Escape room беше премногу забавен и возбудлив настан. Имавме задача од менторите да завршиме програма што побрзо, за да се види колку сме го совладале материјалот. Иако изгубивме со мојата група си поминавме феноменално. Најинтересно ми беше на Олимписките Игри, кои не беа поврзани со програмирање, беше настан каде повеќе ќе се опуштиме од програмирање 😀 . Беше мнооооогу забавно, дружбата со останатите деца од академија беше фантастична, преубаво си поминав!

7.Се гледаме наредна година?

Се разбира!

yellow circle