SkillUp супер херои: Ангела од академијата за Web Design!

Кога дознав за уписите веднаш се запишав и можам да кажам дека не згрешив со одлуката, фантастично си поминувам, стекнав многу нови пријатели и секако научив многу за програмирањето.

Суперхерој на денот: Ангела Новакова.
Прва година на академијата за веб дизајн.
Третиот Чарлиев АНГЕЛ на академија. Во слободно време ужива во добар филм. Сака да скита со другарките, да кулира на кафе и да трачари.
Ангела остај филџанот и дојди на интервју!

1.Како си?

Супер!

2. Која е Ангела?

Јас сум Ангела Новакова, имам 15 години, ученичка во деветто одделение при ООУ “Васил Главинов”. Прва година во skillup на академијата за Web Design.

3.Што правиш кога не програмираш?

Па, кога не програмирам најмногу сакам да излегувам, да шетам и да се дружам со другарките, да гледам филмови…

4.Како стаса да се запишеш на академија, како слушна за skillup?

За академијата дознав преку мајка ми, но на почетокот не бев заинтересирана бидејќи мислев дека нема да успеам и дека едноставно програмирањето не е за мене, но по кратко убедување се согласив. Кога дознав за уписите веднаш се запишав и можам да кажам дека не згрешив со одлуката, фантастично си поминувам, стекнав многу нови пријатели и секако научив многу за програмирањето.

5.И што ќе ни кажеш за академијата?

На академија учам Web Design, односно HTML, CSS и Bootsrtap. Учиме како да изработуваме статички веб страни. Понекогаш е тешко и навистина предизвикувачки. Бара труд и големо посветување, но со малку повеќе вежбање секако се совладува. Интересно е бидејќи и учиме и се  дружиме и многу се забавуваме. Секој час е поинаков и позабавен од претходниот. Иако не бев дел од Espace room играта сигурна сум дека било интересно ама затоа бев дел од Олимписките игри и мојот тим победил, а јас си поминав преубаво.

7.Се гледаме наредна година?

Секако!

yellow circle