Програмирање – тешко или лесно? Најпоставуваното прашањето кое ги мачи сите.
Програмирањето не е баш наједноставната работа на светот. Како и секоја друга вештина, потребно е време и труд за да се совлада. Меѓутоа, со соодветни алатки и поддршка, децата можат да развијат страст за програмирање и да научат вредни вештини кои ќе им користат во иднина.
А можам ли јас да научам да програмирам?
Една од најголемите заблуди за програмирањето е дека треба да бидете гениј за да го научите. Ова е далеку од вистината.
Да знаеш да програмираш значи да знаеш како да разложуваш сложени проблеми на помали делови, а потоа да креираш решение со користење на код. Секој може да научи како да кодира, без оглед на коефициентот на интелигенција. Клучот е во посветеноста и упорноста.
Меѓудругото, децата имаат вродена љубопитност и желба да учат нови работи. Тие се исто така пофлексибилни и поприлагодливи на новите концепти, што дополнително го олеснува учењето програмирање.
Забава и учење на едно место? Можно е.
Skillup е академија за програмирање која е позната по поместување на границите на класичната настава. Па така ако учите програмирање со нас, никогаш нема да би биде здодевно.
Нашите ментори користат интерактивни техники за учење базирани на игри за да им помогнат на децата да ги научат концептите за програмирање, а нашите програми се дизајнирани да им помогнат на децата да изградат „победнички начин на размислување“ со тоа што ќе ги научиме на упорност, решавање проблеми и вештини за критичко размислување.
Во skillup, децата не само што учат програмирање, туку и ја стекнуваат довербата што им е потребна за да успеат во сите области од животот.
И дали програмирањето е тешко или лесно?
-Има само еден начин да дознаете – Ај на програмирање!
Други статии:
Дориа за 10 години ИЛИ ќе биде најјакиот програмер во светот ИЛИ ќе отвори рестиоран. Ама како и да е, телефон од дома мора да и купат. 1.Што ќе им препорача... 21 Nov.
Леонтина кај нас дојде во далечната 2021 година, остана со нас три години, се прошета низ програмите, и еве сега го дрма Њујорк. И направивме кафе,... 24 Oct.
👋 Запознајте ја Анѓелина, ментор на академијата за графички и веб дизајн. Дете кое го живее животот на возрасните, убаво пее и има син појас во аикидо 🥋. Дизајн... 24 Oct.