Mит или Вистина: За програмирање треба да те бива (Како да не)

Секој програмер некогаш бил само почетник кој не знаел да напише ни една линија код.

За секој почетник, редовите код испишани со некакви знаци, букви и бројки може да изгледаат како некој вонземски јазик. Лесно е да помислите дека за да го разберете тој јазик и да биде програмер од вас потребно е да имате надпросечно IQ. Но имајте на ум дека секој програмер некогаш бил само почетник кој не знаел да напише ни една линија код. 

Денес ќе објасниме зошто практично секој кој ќе го загрее столчето и ќе вложи доволно труд, може научи да програмира.

Талент vs. Вештина 

Програмирањето не е лесно. Да беше едноставна работа за учење, секој програмираше. Потребно е време, посветеност и упорност за да станете програмер.

Некои луѓе се природно наклонети кон вештините кои им помагаат да станат одлични програмери, како што се силното чувство за логика, страст за математика и способност за решавање проблеми. Точно е дека децата кои се добри математичари полесно ги совладуваат програмерските предизвици, но тоа не значи дека мора да бидеш “јак математичар” за да научиш програмирање. 

Програмирањето не се заснова врз математика. Едно истражување во 2020 година кое имало за цел да ги утврди програмерските предизпозиции на 36 поединци кои научиле во Пајтон онлајн во 10 сесии од 45 минути, открива дека способноста за учење странски јазици е подобар предиктор за успех во програмирањето отколку математичките вештини.

Ова не значи дека математиката е бескорисна во светот програмирањето. Во зависност од тоа што сакате да постигнете со програмирањето, ќе биде неопходно одредено ниво на знаење математика. Ова истражување само сугерира дека идејата “ако не си добар математичар програмирањето не е за теба” е мит.


Во суштина програмирањето претставува решавање на проблеми, и како учењето на било која друга друга вештина, програмирањето бара време, труд и посветеност. Може да се каже дури и дека упорноста е вештината број 1 која е потребна во учењето програмирање.

Секој Може Да Научи Да Програмира. Но Има Една Финта!

Финтата е што иако не ти требаат математичките вештини на Алберт Ајнштајн за да научиш програмирање, ти треба мотивација

Програмирањето не е најлесната работа во светот, и понекогаш може да биде навистина тешкo да се сфати што прават сите тие линии код. Ако немате добра причина која ќе ве држи мотивирани да продолжите со учење најверојатно лесно ќе се откажете. 

Значи, сега кога веќе ја разбистривме политиката за програмирањето, не дозволувајте некој да ви каже дека не можете или дека треба да бидете одреден тип на личност за да станете програмер.

Мотивирани?💪 Ај на програмирање!

yellow circle