1.Како си?
Супер!
2. Која е Бисера?
Јас сум Бисера Темелковска, имам 11год. учам во ООУ„Блаже Конески“Велес. Многу сакам да слушам музика и да играм одбојка. Освен што одам на програмирање, активно тренирам одбојка веќе неколку години и одам на часеви по англиски јазик
3.Што правиш кога не програмираш?
Во слободното време сакам цело време да правам различни работи, да излегувам со другарките, играме одбојка и разни други друштвени игри. Кога не програмирам обично пишувам домашна или учам, но понекогаш го поминувам и позабавно тоа време, слушам музика, гледам филмови…
4.Како стаса да се запишеш на академија, како слушна за skillup?
За академијата дознав така што мојата другарка веќе беше запишана на академијата и секојдневно си зборувавме, многу ве пофали и со тоа што ми кажуваше ми стана доста интересно, па решив да се запишам и јас со мало задоцнување.
5.И што ќе ни кажеш за академијата?
Академијата е супер, интересна и забавна. Оваа година ми е втора година по ред, лани учев Scratch, а годинава учам Web Design или HTML, CSS, Bootstrap. Има многу работи што ги научив во Scratch кои ми помагааат полесно да го совладам материјалот. Минатата година беше прелесно и забавно, а и исто и оваа година, но треба вежбање и логично размислување. Да не ни стане досадно програмирањето имаше два настани како Escape room и Олимписките Игри, каде беше преинтересно и забавно и на двете игри мојот тим победи секако.
6. Кажи ни нешто за проектот што го правиш?
За на крајот на годината правиме проекти. За мене проектот не беше тежок, но дизајнот и изгледот ми беше најтежок од се. Ми беше забавно додека го правев со некој минимални работи каде заглавив.
7.Се гледаме наредна година?
Секакоо!
Други статии:
Дориа за 10 години ИЛИ ќе биде најјакиот програмер во светот ИЛИ ќе отвори рестиоран. Ама како и да е, телефон од дома мора да и купат. 1.Што ќе им препорача... 21 Nov.
Леонтина кај нас дојде во далечната 2021 година, остана со нас три години, се прошета низ програмите, и еве сега го дрма Њујорк. И направивме кафе,... 24 Oct.
👋 Запознајте ја Анѓелина, ментор на академијата за графички и веб дизајн. Дете кое го живее животот на возрасните, убаво пее и има син појас во аикидо 🥋. Дизајн... 24 Oct.