SkillUp супер херои: Димитар од академијата за Web Design!

Секој од студентите имаше задача за крај на академијата да направи проект така што ке искористиме сѐ што научивме годинава. Јас направив проект за мојот омилен бренд Nike. Го правев една недела и ми беше многу интересно и забавно и мислам дека на крајот убаво испадна.

Суперхерој на денот: Димитар Бабунски
Прва година на академијата за Веб Дизајн

Кога ќе стане најјак програмер, Димитар сака да шета по светот и да напише по неколку реда код од секоја држава.
Димитар остај кодот, дојди на интервју!

1.Како си?

Супер!

2. Кој е Димитар?

Јас сум Димитар Бабунски, имам 14 години, ученик во ООУ “Блаже Конески” и сум студент во академијата skillup.

3.Што правиш кога не програмираш?

Многу работи, но највеќе од сѐ сакам да патувам, да се дружам, да гледам филмови.

4.Како стаса да се запишеш на академија, како слушна за skillup?

За skillup дознав преку реклами на Instagram и од постари студенти на академијата, но тоа што најмногу ме привлече е начинот на предавањето на часевите, за кој слушнав од студентите кои веќе ја посетуваа наставата.

5.И што ќе ни кажеш за академијата?

Јас учам веб  дизајн (HTML i CSS) и ова ми е прва година во Skillup академија. Слободно можам да кажам дека не е воопшто тешко, барем не оваа година, наредната кога ќе учиме JavaScript ќе видиме. Не се сомневам дека ќе ни биде лесно бидејќи го имаме Влатче кој е одличен ментор.  Ми се допаѓа тоа што покрај програмирањето често ни организираат различни настани како што беа Escape Room, кадешто требаше да покажеме колку сме совладале од материјалот редејќи код како сложувалка, но за жал изгубивме 🙂 . Имаше и Олимписки Игри, бевме собрани сите деца од академија и игравме различни игри, се дружевме, се смеевме, но и таму не победивме, за малку 😀

6.Кажи ни нешто за проктот што го направи?

Секој од студентите имаше задача за крај на академијата да направи проект така што ке искористиме сѐ што научивме годинава. Јас направив проект за мојот омилен бренд Nike. Го правев една недела и ми беше многу интересно и забавно и мислам дека на крајот убаво испадна.

7.Се гледаме наредна година?

Секако! Наредната година ќе учиме и JavaScript и се надевам дека ќе биде забавно како и оваа година што беше.

yellow circle