SkillUp супер херои: Ева од академијата за Web Design!

Ова ми е прва година на академијата, учам web design, односно html, css и bootstrap и сум многу задоволна бидејќи ми помогна да научам многу нови работи кој што се дел од програмирањето за да можам да креирам веб страна.

Суперхерој на денот: Ева Најдовска.
Прва година на академијата за веб дизајн.

Ева е нашиот Ван Гог на академија, кога не куца код ужива да прави чкртки мртки и да смечува на одбојка како Бранка Секулич! Ја викнавме на интервју баш на нејзиниот роденден, најсреќна да си ни Ева!! Дувај свеќите, замисли си желба и ајде на интервју.

1.Како си?

Одлично!

2. Која е Ева?

Јас сум Ева Најдовска, имам 14 години (by the way денес ми е роденден), учам во ООУ ,,Блаже Конески”. Ова ми  беше прва година на Академијата и учев web design.

3.Што правиш кога не програмираш?

Кога не програмирам правам доста работи, прилично сум зафатена 🙂 . Одам на тренинзи – тренирам одбојка, а кога немам обврски со одбојката најчесто цртам или слушам музика, исто така сакам да поминувам доста време со моето друштво па така кога имам слободно време често излегувам на прошетка или кафе со другарките и другарите.

4.Како стаса да се запишеш на академија, како слушна за skillup?

За академијата дознав преку моја другарка на која и е втора година во skillup. Премногу се пофали од skill up, целиот концепт на академијата ми звучеше многу примамлив затоа и јас добив желба  да дојдам и да пробам како е да се програмира и дали е интересно колку што ми кажа.

5.И што ќе ни кажеш за академијата?

За Академијата и менторите можам да кажам само пофални зборови, другарката беше во право кога ве фалеше, прекрасно и прејако е! Ова ми е прва година на академијата, учам web design, односно Html, Css и Bootstrap и сум многу задоволна бидејќи ми помогна да научам многу нови работи кој што се дел од програмирањето за да можам да креирам веб страна. Предавањата не се тешки  туку се премногу интересни и забавни. Исто така имаше организирано Escape Room, каде требаше да го наредиме точниот код за да победиме. Си поминав прекрасно, презабавно беше. Имаше организирано и Олимписки Игри каде се натпреварувавме, се дружевме и забавувавме  сите заедно.

6. Се гледаме наредна година?

Со задоволство се гледаме наредна година!!😁

yellow circle