Суперхерој на денот: Јована Лучкова.
Прва година на академијата за веб дизајн.
Јована е нашиот fashion guru на академија. Ужива да шминка и да се дотерува. Омилен бренд и е Louis Vuitton, за кој направи и веб страна за финалниот проект. Сајтот растури!
Јована, оставај модните списанија и ајде на интервју!
1.Како си?
Супер!!
2. Која е Јована?
Јас сум Јована Лучкова, ученичка во ООУ,,Блаже Конески” Велес во Vlll-2 одделение, имам 14 години и сум студент во академијата skill up.
3.Што правиш кога не програмираш?
Денот ми е исполнет со многу активности. Освен програмирањето јас уживам да цртам, да спортувам, да гледам филмови и серии и да се дружам со моите другарки.
4.Како стаса да се запишеш на академија, како слушна за skillup?
За академијата дознав од мојот братучед, кој ми ја предложи како добар избор за да влезам во светот на програмирањето и изработката на веб страни.
5.И што ќе ни кажеш за академијата?
Јас учам веб дизајн (html, css и bootstrap) и ова ми е прва година во skillup. На академијата не е тешко, но понекогаш има и предизвици, кои заедно со наставниците и останатите деца ги решаваме. На академијата е секогаш интересно и забавно, сите се дружиме и сложуваме, на пример кога имаше Escape room ми беше многу интересно бидејќи сите соработувавме и си помагавме за да победиме и се разбира мојот тим победи. Олимписките игри ми беа најинтересни, иако бевме 2 место дадовме се од себе и имаше многу интересни случки кои нема да ги заборавам.
6. Кажи ни нешто за проектот што го направи?
Секој од студентите имаше задача за крај на академијата да направи сопствен проект- веб страна користејќи ги технологиите што ги учевме во текот на академијата. Мојот прокет односно мојата веб страна беше за мојот омилен бренд – Louis Vuitton. Ми беше мошне интересно и забавно додека ја правев, заглавив на неколку места, но тука беше менторот да ми помогне и секако другите соученици од мојата група.
7. Се гледаме наредна година?
Да,наредната година продолжувам на академијата за web development и ќе учам Java Script. Се надевам дека следната година ќе биде интересна како и оваа.
Други статии:
Дориа за 10 години ИЛИ ќе биде најјакиот програмер во светот ИЛИ ќе отвори рестиоран. Ама како и да е, телефон од дома мора да и купат. 1.Што ќе им препорача... 21 Nov.
Леонтина кај нас дојде во далечната 2021 година, остана со нас три години, се прошета низ програмите, и еве сега го дрма Њујорк. И направивме кафе,... 24 Oct.
👋 Запознајте ја Анѓелина, ментор на академијата за графички и веб дизајн. Дете кое го живее животот на возрасните, убаво пее и има син појас во аикидо 🥋. Дизајн... 24 Oct.