SkillUp супер херои: Матеа од академијата за Web Design!

Мојот проект беше за мојот омилен козметички бренд – Kylie Cosmetics. Ми беше многу интересно и уживав додека ја изработував. Заглавив на неколку места, но тука беше мојот ментор и другарчињата да ми помогнат да ги решам проблемите кои ги имав.

Суперхерој на денот: Матеа Христова.

“Прваче” на академијата за веб дизајн.

Матеа ужива да слуша музика, да трачари со другарките, но најмногу од сѐ ужива кога оди на доооолг шопинг 🙂 . Ја изначекавме дури дојде да направиме интервју. Матеа, оставај ќесите и ајде на интервју!

1.Како си?

Никогаш подобра!

2. Која е Матеа?

Јас сум Матеа Христова, ученичка во ООУ “Блаже Конески”. Имам 13 години и годинава за првпат сум дел од skillup, на академијата за web design.

3.Што правиш кога не програмираш?

Во моето слободно време најчесто сакам да излегувам со моите другарки и обожавам да слушам музика, но најмногу од сѐ ми годи кога одам на дооолг шопинг. 😀

4.Како стаса да се запишеш на академија, како слушна за skillup?

Искрено, пред да се запишам не ни знаев дека во нашиот град Велес постои академија за програмирање, којашто би можела да ме воведе во светот на програмирањето. За skillup дознав од мојата другарка Ангела, која веќе беше запишана на академијата за веб дизајн. По краток разговор и убедување од нејзина страна решив да се запишам и јас и заедно почнавме на програмирање во skillup.

5.И што ќе ни кажеш за академијата?

Воодушевена сум! За академијата имам само убави зборови, сѐ е прекрасно. Оваа година сум прваче и учам на академијата за веб дизајн, т.е. како се изработуваат веб страни со технологиите HTML, CSS и Bootstrap. Материјалот што го учиме не е воопшто тежок, има тешки делови каде треба повеќе внимание да се посвети да, но во глобала е лесно. Секако тука голема заслуга има нашиот ментор Баже, кој на многу интересен и забавен начин ни го предава материјалот. Во skillup ни организираа и Escape Room и Олимписки Игри. На Escape Room не бев во можност да присуствувам, а на Олимписките Игри си поминав преубаво, имаше многу дружење и забава со останатите деца од академијата.

6. Кажи ни нешто за проектот што го направи?

На крај од академијата сите студенти имавме задача да направиме сопствена веб страна, користејќи ги технологиите кои ги учевме во текот на годината. Мојот проект, односно мојата веб страна беше за мојот омилен козметички бренд – Kylie Cosmetics. Ми беше многу интересно и уживав додека ја изработував, заглавив на неколку места, но тука беше мојот ментор и другарчињата да ми помогнат да ги решам проблемите кои ги имав.

7.Се гледаме наредна година?

Се разбира!

yellow circle