SkillUp супер херои: Михаела од академијата Scratch!

Многу е убаво! Оваа година ми беше прва година на академија и учев Scratch, односно како да правиме игри, анимации и приказни со готови кодови.

Суперхерој на денот: Михаела Штериjова
Прва година на академијата за Scratch

Кога не програмира или учи, Михаела ужива да игра на маало крижи-мижи, брканиџок и да врти хулахоп.
Пу за мене пу за сите. Ајде сега на интервју!

1.Како си?

Одлично!

2. Која е Михаела?

Јас сум Михаела Штериjова, прва година студент во skillup на академијата Scratch. Имам 11 години и учам во ООУ “Кирил и Методиј” во Велес.

3.Што правиш кога не програмираш?

Кога не програмирам најчесто учам или пишувам домашни, но највеќе од сѐ уживам кога играм на маало со другарчињата крижи-мижи, брканица, хулахоп и сл.

4.Како стаса да се запишеш на академија, како слушна за skillup?

За skillup дознав од моите другарчиња кои веќе беа запишани на академијата. Сакав и јас да се запишам во нивната група, но кога се решивме немаше веќе слободни места и мораше да чекаме до следната година за да се запишам.

5.И што ќе ни кажеш за академијата?

Многу е убаво! Оваа година ми беше прва година на академија и учев Scratch, односно како да правиме игри, анимации и приказни со готови кодови. Се запознававме со програмирањето и кодовите и можам да кажам дека беше многу интересно и возбудливо. Најинтересно ми беше кога имаше организирано Treasure hunt, кадешто требаше да го решиме предизвикот и да го најдеме скриеното “богатство”. За жал мојата група не победи, ама си поминавме многу убаво.

6. Кажи ни нешто за проектот што го направи?

Секој студент на крајот од годината имаше задача да си направи своја игра и да покаже што има научено во текот на целата година. Мојата игра беше Brake the bricks. Малку заглавив кога го правев движењето на топчето, но тука беше мојот ментор Баже да ми помогне да ја завршам на време.

7.Се гледаме наредна година?

Со задоволство, следната година ќе бидам дел од академијата за графички дизајн!

yellow circle