SkillUp супер херои: Теодора од академијата за Web Design!

Денот секогаш се обидувам да го потполнам со што е можно повеќе активности, голем дел од него поминува главно во учење. Слободното време најчесто го поминувам во читање на книги, уживам во гледањето на филмови и обожавам да патувам.

Суперхерој на денот: Теодора Ѓорѓиевска.
Бруцош на академијата за веб дизајн.
Теодора е филмоманка што чита книги и шета по светот.
Направивме мини интервју да видиме што има да ни каже за и како си мине на академијата.



1.Како си?

Супер!

2. Која е Теодора?

Јас сум Теодора Ѓорѓиевска, студент на академијата за Web Design. Имам 14 години и учам во ООУ „Васил Главинов“.

3.Што правиш кога не програмираш?

Денот секогаш се обидувам да го потполнам со што е можно повеќе активности, голем дел од него поминува главно во учење.  Слободното време најчесто го поминувам во читање на книги, уживам во гледањето на филмови и обожавам да патувам.

4.Како стаса да се запишеш на академија, како слушна за skillup?

За академијата дознав преку мајка ми, но ги одбивав сите понуди за запишување мислејќи дека тоа не е за мене – дека не би можела да се снајдам. Но, сепак со текот на времето се заинтересирав за програмирањето кое опфаќа голем спектар на можности. Па така штом дознав за уписите веднаш се запишав и можам да кажам дека не згрешив.

5.И што ќе ни кажеш за академијата?

Академијата е прекрасно место за сите оние кои преку забава сакаат да ги надоградуваат своите знаења. Оваа година сум дел од академијата за Web Design. Преку неа за прв пат навлегуваме во светот на програмирањето, учиме за изработка на веб страни. Креирање на структура на страната со HTML и збогатување  и стилизирање  на истата  со CSS. На почетокот може да биде малку покомплицирано, но сето тоа поминува кога ќе се вклопите во новата средина. Часовите се интересни и со пристапот и начинот на објаснување на менторите на часот може да се совлада многу голем дел од материјалот, но се разбира и дополнителното вежбање влијае врз постигнувањето на успех.  За учењето да не ни биде монотоно се организираа и неколку забавни настани:
Escape room на кој со стекнатите знаења се обидувавме преку решавање на загатката да излеземе од училницата, на овој настан си поминав многу убаво и се разбира мојот тим победи 😀

И Олимписките Игри на кој преку тимска работа собиравме поени за секоја победена игра, си поминав одлично – само да не изгубевме.

6.Се гледаме наредна година?

Со задоволство!

yellow circle