Како програмирањето ја поттикнува мозочната активност кај децата?

После мнооооогу прочитани статии на оваа тема, креиравме листа на 5 начини на кои програмирањето ја поттикнува мозочната активност кај децата.

Програмирањето не е само пишување на код и развивање на софтвер или апликации. Програмирањето е во огромен процент размислување за најдобро решение за проблемот, или наоѓање на најдобриот начин на кој би се напишал кодот или би се развил софтверот. Од тука, програмирањето претставува одлична вежба за мозокот.

Научните истражувања потврдуваат дека програмирањето го стимулира развојот на мозокот кај децата и еве како:


Постојат многу студии кои потврдуваат дека програмирањето помага во развојот на уникен сет вештини кај децата поврзани со работната меморија и решавањето проблеми.

Решавањето на програмерските проблеми бара низа на сложени вештини кои ги зајакнуваат асоцијациите помеѓу различни делови од мозокот. Формирањето на овие врски е одличен тренинг за мозокот, и помага во зајакнување на неговата способност за учење, меморирање и извршување.

После мнооогу прочитани статии на оваа тема, креиравме листа на 5 начини на кои програмирањето ја поттикнува мозочната активност кај децата.

1. Програмирањето ги активира центрите за учење во мозокот

Програмирањето е одличен тренинг за мозокот на децата.Тоа помага при зајакнување на способноста за меморирање и процесирање на информации на децата, овозможувајки им да станат повешти во процесот на учење.

2. Програмирањето ja подобрува способноста за решавање на проблеми

Од дебагирање код до наоѓање на најефикасен начин за пишување на апликации, секој аспект од програмирањето бара способност за решавање проблеми. Овој процес им помага на децата да развијат вештини за критичко размислување, кои потоа можат да ги применат во други области од нивниот живот.
Преку програмирање, децата учат да ги разложуваат проблемите на помали делови, да го оценуваат секој дел и да најдат креативни решенија за надминување на предизвиците.

3. Го стимулира логичкото размислување

Програмирањето е вештина која бара многу логично размислување. Децата треба да размислат за чекорите кои се вклучени во решавањето на проблемот, а потоа да го напишат кодот за спроведување на овие чекори.
Овој процес на разложување на проблемите на помали делови и нивно организирање во логичен редослед им помага на децата да ја подобрат нивната способност да размислуваат логично и последователно.
Оваа вештина може да биде исклучително корисна во нивните идни кариери, како и во нивниот личен живот.

4. Ја поттикнува креативноста и иновативноста

Програмирањето им дава слобода на децата да ги изразат и да ги оживеат своите идеи. Тие можат да ја искористат својата фантазија за да развијат софтвер и да креираат апликации кои решаваат проблеми од реалниот свет. Ова ја поттикнува креативноста и иновативноста и им помага на децата да ја развијат својата способност да размислуваат надвор од кутијата и да изнајдат нови решенија за проблеми.

5. Програмирањето го зајакнува здравјето на мозокот

Мозокот е мускул кој бара вежбање исто како и твоите стомачни. За да го оддржиме мозокот во “топ форма” потребни се ментални вежби како што е програмирањето. Активностите поврзани со решавање на програмерските проблеми го стимулираат когнитивниот развој кај децата, подобрувајќи ја мозочната кондиција и одржувајки го мозокот здрав.

Почнуваме да го вежбаме мозокот?

yellow circle