Како да станете Веб Програмер

Технологијата игра огромна улога во нашите секојдневни животи. Таа е дел од наједноставните апликации до највпечатливите пронајдоци на денешницата. Секоја веб страница или пак софтвер со кои секојденeвно се среќаваме се изградени од веб програмер. На прашањето што е веб програмер веќе имаш одговор , па сега да разгледаме како и ти да станеш Веб Програмер.

Со добри инструкции и јасна визија секој може да стане веб програмер. Следниве чекори ќе ви помогнат да се насочите правилно.

1 . Започнете со истражување

  • Најпрво убаво истражете каков веб програмер сакате да станете и одлучете во која насока сакате да ја фокусирате вашата енергија. Дали тоа е Front End, каде што ќе работите на покреативни и визуелни проекти, имплементирајќи веќе готови дизајни во код, или пак ве интересира повеќе Back End и позадинската логика на сајтовите, правењето на датабази кои ќе собираат податоци од корисниците и правилното функционирање на страната.

2. Изберете курс или академија

  • Нешто што треба да го знаете е дека веб програмер можете да станете со и без формално образование. Откако ќе се одлучите во која насока сакате да се развивате, следен чекор е да одберете како сакате да го научите тоа. Постојат огромен број на бесплатни (или евтини) курсеви и материјали кои можат да ве насочат самите да научите да програмирате. Секако тука се и академиите за програмирање, кои со интензивна и практична програма им го пренесуваат потребното знаење на студентите, кое е фокусирано само на работите кои се битни за да бидете веб програмер. На академиите има ментори кои ќе ве насочат и ќе ви помогнат при процесот на станување програмер.
    Одберете ја варијантата што е најдобра за вас.

3. Развијте практични вештини

  • Веб Програмирањето е област во која практичните вештини далеку го надминуваат теоретското знаење. Компаниите сакаат вработени кои ќе знаат како да ги применат вештините. Образованието и како ги стекнале тие вештини е најмалку битно доколку знаете нешто да изработите. Значи: РАБОТЕТЕ, РАБОТЕТЕ, РАБОТЕТЕ!
    Едно нешто што треба да запаметите е дека програмирањето е професија каде што постојано ќе треба да учите и да се надоградувате за да може да останете конкурентни на пазарот.

4. Вежбајте постојано

  • Веб програмерите учат преку работење. Регистрирајте се на GitHub и почнете да поставувате кодови од апликации и веб страни што сте ги изработиле. Овие кодови ќе бидат достапни за сите, па многу од работодавците што се во потрага на работници ќе ги видат вашите дела. Битно е тие да знаат како размислувате вие и како решавате потенцијални проблеми и комплицирани предизвици.

5. Изработете портфолио

  • Работодавците сакаат да видат резултати – последни апликации и веб страни што сте ги изработиле. Преку вашето портфолио ќе можете да ги демонстрирате вашите технички вештини и знаења. Портфолио кое се издвојува со сигурност ќе ви донесе интервју.

Како што можете да видите, не е толку тешко да станете веб програмер. Секако, ќе биде потребно многу време, труд и работа, но можете да го сторите тоа ако сакате. Откако ќе разберете јасно што е ,, веб програмирање’’ и ,,што работи веб програмер’’ ќе ви станува се полесно и полесно.

Веб Дизајн наспроти Веб Програмирање

Многу од нас се прашуваат дали веб дизајн и веб програмирање е исто? Одговорот е НЕ. Тоа се две различни професии кои ги имаат следниве улоги:

Веб Дизајнер

Веб дизајнерот е личност или група на луге кои се одговорни за креирање дизајн концепт за тоа како треба да изгледа страната. Тие одлучуваат кои бои ќе ги има страната, како ќе бидат поставени секциите, елементите на страната, кои фонтови ќе одговараат со областа за која се прави дизајн и итн. Веб дизајнерот не учествува во програмирањето на аплиакцијата.

Веб Програмер

Веб програмерот работи според концепите што му ги доставува веб дизајнерот. Негова должност е сето тоа што го изработил дизајнерот со дизајн софтвери тој да го претвори во код за веб апликација која ќе можеме да ја користиме.

Популарни јазици во веб програмирањето

Многу е важно да сфатите дека има низа на различни јазици и технологии што се користат во веб програмирањето.
Имајќи го ова во предвид, составивме список на некои од најчестите јазици и технологии кои треба да ги знаат веб програмерите:

HTML

HTML е многу лесен јазик за учење и обично веб програмерите го учат на самиот почеток. За да видите што всушност е HTML, можете да кликнете десен клик на страната и да отидете на Inspect Element. На десната страна ќе се отвори прозорец кој го содржи кодот на страната. Можеби ќе ви бидат познати некои од командите, како link, img, video. Со HTML всушност ја креираме структурата на страната.

CSS

CSS e втор основен јазик во Front End програмирањето. CSS кодот го користиме заедно со HTML. Додека HTML кажува на страната каква содржина да прикаже, CSS кажува како да ја прикаже таа содржина – тој е јазик на “стилизирање”. Со него ги менувате боите на елементите, избирате фонт, ги позиционирате елементите и многу други работи.

JavaScript

Повеќето програмери со JavaScript градат мали фрегменти на код кои ја прават страната да биде интерактивна и интересна за користење. Овие фрегменти најчесто се вметнуваат во HTML кодот.
Да речеме дека сакаме да имаме некоја форма на нашата страна, но таа форма треба да се појави од кога ќе кликнеме на некое копче. Тоа го изработуваме со JavaScript.
Иако JavaScript е традиционално јазик од Front-End програмирањето, тој се повеќе почнува да се користи и во BackEnd програмирањето.

C#

Објектно ориентиран јазик кој се користи во BackEnd програмирањето. C# е широко користен за изработка на веб и desktop апликации, но исто така се користи и за развој на игри во Unity. Овој програмски јазик е широко распостранет и прв избор доколку некој сака да креира апликација.

Се надеваме дека со овој пост ти се разјаснија многу од работите во веб програмирањето. Доколку сакаш да ги научиш овие програмски јазици и да се градиш себеси како Front End или Back End програмер уписите на нашата академија се во текПријавете се тука

yellow circle