3 причини зошто програмирањето за деца е добро

Живееме во дигитален свет. Затоа работата со компјутери е многу важна за иднината на децата. Оваа вештина им овозможува на децата да научат релевантни и конкурентни вештини во областа на програмирањето, во исто време развивајќи начин на размислување за решавање на проблеми од рана возраст.

Зошто децата би започнале со учење на програмирање?

1. Програмирањето е забавно

Додека програмирањето се базира на логика, тоа е исто така и исклучително креативна активност. Ако знаете како да програмирате ќе можете да развиете свои апликации, игри, веб страници и многу повеќе.
За програмерите еден од најсреќните моменти е кога ќе го решат проблемот на некој bug и нивниот код ќе профункционира.
Со добри инструкции започнувањето да програмираш може да биде лесно и забавно.

2. Програмирањето ја подобрува креативноста

Една од причините зошто учиме нов јазик е за да знаеме како да комуницираме со него. Истото важи и за програмирањето. Програмирањето ги учи да се изразуваат креативно, со ова им се отвара можноста не само да седат на нивните телефони за да користат апликации и игри, туку да почнат да прават свои. Нивната замисла да ја стане реалност. Играта што посакувале да ја играат да си ја создадат сами или пак нивнa дигитиална апликација.

3. Ја подобрува упорноста

Да научите да програмирате, како и секоја друга дисциплина, е предизвик. Затоа и справувањето со комплексни проблеми и правењето грешки знае да биде доста фрустрирачко.
Програмирањето ве учи на упорност пред ваквите предизвици. Учењето како да се решат проблемите и да се бараат решенија преку истражување и соработка ја гради оваа многу посакувана вештина.

Можноста да научат за технологијата и начинот на работа на компјутерите сигурно ќе им донесе на децата предност во сите аспекти од животот. Учењето да програмираат додека се млади ќе ги постави на патот кон успешна иднина.

yellow circle