Никола се вработи во Asseco – “Имате супер шанса да научите вештина што е многу барана на пазарот”

Неколку месеци по завршувањето на академијата, Никола Јакимовски направи промена во кариерата и се вработи во Asseco.

Никола, кажи ни нешто за тебе

Дипломиран инженер по информатички науки. Долги години професор по информатика и програмски јазици. Сега backend (software) девелопер.

Работеше како професор во средно училиште. Што те натера да бараш промена во кариера?

Отсекогаш ме интересирала технологијата и сум сакал да напредувам во тоа поле. Работата во образование е супер, но таму не можев да го следам својот сон. Од тука се роди идејата за посета на академија за програмирање за да го надоградам моето знаење во програмирање за потоа и промена на кариера.

Зошто се одлучи за SkillUp?

Сосема случајно стапив во контакт со дечките од SkillUp. Кога ми кажаа дека имаат backend програмирање, веднаш знаев дека е за мене. Тимот на SkillUp е супер. Одлично си ја знаат работата, и не се штедат во пренесување на знаењето. Тоа го сфатив уште од првиот состанок со нив.

Колку ти помогна SkillUp во надополнување на твоето знаење?

Премногу. Стеве беше одличен ментор. И предавањата и вежбите беа супер испланирани и реализирани. И почетник може да ја разбере поентата на програмирањето. Но потребно е многу работа дома. Само така ќе го научите она што се предавало на академијата.

Твојата кариера како Back-End девелопер ја започна во компанијата Asseco. Каков беше процесот за да стигнеш до овде?

Многу испратени апликации и многу интервјуа 🙂 А и во SkillUp многу ми помогнаа и ме водеа низ целиот процес на барање на работа. Фала дечки, должам пиво 🙂.

Што би им кажал на сите што размислуваат да започнат на академија?

Не се мислете. Имате супер шанса да научите вештина што е многу барана на пазарот. Најлошо што може да се случи е да сфатите дека програмирање не е за вас.

yellow circle