Запознајте ја Тања, нашиот нов ментор на академијата за веб девелопмент. Тања го споредува програмирањето со правење вкусна сарма.😋 Различните програмски јазици прават сарма со различни видови на лист, а неурдниот и непрегледен код – растурена сарма.🤣
1. Која е Тања?
Јас сум дипломиран економист од областа на е-бизнис, што реши и успешно го продолжи својот кариерен пат во областа на ИТ.
2. Кое е твоето претходно работно искуство?
Имам повеќегодишно искуство како економист, а последните 3+ години работам како React developer.
3. Зошто мислиш дека децата треба да учат програмирање?
Учењето нови работи е како добивање на супер моќ. Програмирањето ги учи како да мислат, да решаваат проблеми, да се подготват за светот каде технологијата има се поголема и поголема улога.
4. Ако програмирањето беше јадење, кое јадење би било и зошто?
Кога би било јадење програмирањето би било сарма. Различните јазици прават сарма со различни листови. Сите сакаме убави завиткани сарми како што сакаме убав ‘clean’ код, во тој случај непрегледен и неубаво напишан код би бил растурена сарма. 😀
5. Кој е твојот таен/скриен талент што би ги изненадил учениците?
Можеби моето “can-do attitude” е она што ќе им го пренесам за да се чуствуваат дека не постои нешто што не можат да го направат!
6. Како да им се задржи вниманието на учениците подолго од 5 минути?
Преку поедноставување на покомплицираните делови и поголемо инволвирање на учениците во предавањето, и адаптирање на начинот на предавање според групата.
7. Каков совет би им понудиле на родителите кои се заинтересирани да го запишат своето дете на Академијата?
Програмирањето развива логичко мислење и способност за решавање на проблеми, им овозможува на децата да ги развијат критичките аналитички вештини, значи децата стекнуваат вештини кои можат да им помогнат во разни области на животот. Програмирањето ги стимулира и да бидат креативни и иновативни, да работат во тимска средина и да го подобрат својот потенцијал за самостојно учење. Секако, тоа и може да биде забавно и задоволство за децата, што ги залагодува со технологијата и ги подготвува за брзите технолошки промени во светот.
Други статии:
👋 Запознајте ја Анѓелина, ментор на академијата за графички и веб дизајн. Дете кое го живее животот на возрасните, убаво пее и има син појас во аикидо 🥋. Дизајн... 24 Oct.
Ова е Радмила, нашиот нов ментор на академијата за Scratch!За учењето програмирање ќе каже дека: “Исто како и возењето велосипед, учењето да се програмира е... 04 Oct.
Запознајте ја Кириана - дипломиран софтверски инженер, за кој програмирањето е како вкусен мафин!Зошто баш мафин и кои се нејзините тајни вештини, дознајте тука 👇 ... 26 Sep.