Ова е Радмила, нашиот нов ментор на академијата за Scratch!
За учењето програмирање ќе каже дека:
“Исто како и возењето велосипед, учењето да се програмира е полесно ако се почне помлад.
1. Која е Радмила?
Здраво, Радмила е креативна, амбициозна и комуникативна личност која поседува голема трпеливост и има огромна љубов за работа со деца. Личност со многу дипломи од многу области: дипломиран менаџер, магистер, медицинска сестра, софтвер тестер и најважното – наставник по Scratch 😊.
2. Кое е твоето претходно работно искуство?
Повеќегодишно работно искуство во автомобилската индустрија и како Freelancer.
3. Ако програмирањето беше јадење, кое јадење би било и зошто?
Доста интересно прашање! Ако програмирањето беше јадење би го споредила со вкусна пица.
4. Зошто мислиш дека децата треба да учат програмирање?
Постојат неколку важни причини зошто мислам дека децата треба да учат програмирање:
Развивање на критичко размислување
Програмирањето ги поттикнува децата да размислуваат логички, да се замислуваат за решавање на проблеми и да развиваат критички вештини.
Подобрување на математичките способности
Бидејќи често вклучува математички концепти како што се алгебра, геометрија и теорија на броеви.
Креативност и иновација
Им овозможува на децата да ги изразуваат своите креативни идеи преку развивање на софтверски решенија и игри. Ова ги поттикнува да размислуваат на сосема поинаков начин и да пробаат различни идеи.
Самодоверба и успех
Учењето на програмирање може да го зголеми чувството на самодоверба и успех кај децата, бидејќи тие создаваат сопствени проекти и решаваат дадени предизвици.
5. Кој е твојот таен/скриен талент што би ги изненадил учениците?
Тоа е интересниот и интерактивен стил на подучување каде што со креативни часови и активности може да се засили интересот на учениците и да се мотивираат да учат, а и успешното градење на односи со децата каде што ќе ги поттикнам да соработуваат.
6. Како да им се задржи вниманието на учениците подолго од 5 минути?
Задржувањето на вниманието на учениците подолго од 5 минути може да биде предизвикувачки, но постојат неколку стратегии кои може да помогнат како што се: креирањето интересни лекции, интерактивни училници, инклузивното учење, со интерактивни алатки, апликации и едукативни игри.
7. Каков совет би им понудиле на родителите кои се заинтересирани да го запишат своето дете на Академијата?
Исто како и возењето велосипед, учењето програмирање е полесно ако се почне помлад. Програмирањето ги поттикнува децата да размислуваат креативно и да ги развиваат вештините за решавање на проблеми. На нашите академии тие ќе треба да најдат начини како да ја реализираат својата визија преку кодирање.
Други статии:
Леонтина кај нас дојде во далечната 2021 година, остана со нас три години, се прошета низ програмите, и еве сега го дрма Њујорк. И направивме кафе,... 24 Oct.
👋 Запознајте ја Анѓелина, ментор на академијата за графички и веб дизајн. Дете кое го живее животот на возрасните, убаво пее и има син појас во аикидо 🥋. Дизајн... 24 Oct.
Запознајте ја Тања, нашиот нов ментор на академијата за веб девелопмент. Тања го споредува програмирањето со правење вкусна сарма.😋 Различните програмски јазици... 16 Oct.