Некои би рекле дека програмирањето е невозможен потфат. Дека треба да имаш посебни знаења за да почнеш да програмираш или пак големо знаење од математика. Но, дали е тоа воопшто така?
Изјави како овие ги запираат многумина уште пред да си дадат шанса да започнат.
Сите некогаш сме биле во ситуација кога требало да донесеме одлука дали тоа е област во која би сакале да се надоградуваме и да го трошиме нашето време за да добиеме резултати.
А да се посветиме уште од мали години и постојано да го изучуваме тоа е голем зафат кој сигурно ќе ни донесе резулатати.
Што е програмирање за деца?
Програмирање за деца е програма која е приспообена според возраста на децата и нуди активности кои имаат за цел да бидат забавни, гејмифицирани и лесно сфатливи, за да ги задржат децата да бидат постојано ангажирани и фокусирани.
И, иако е тешко да се замисли деца да научат нешто навидум толку комплексно, програмирањето за деца е реалност – благодарение на многуте програми за програмирање, youtube туторијали и предмети на училиште, учењето може да биде лесно и забавно.
Поинаку кажано, програмирањето не е секогаш типична и потенцијално застрашувачка “компјутерска наука” од која вие и вашите деца инстиктивно ќе избегате.
Прво нешто со кое треба да започнете е да за прашате зошто? Зошто да почне вашето дете со програмирање? Потоа наведете ги придобивките. Што би научиле тие од програмирањето? Кои можности би им ги донело тоа понатаму? Потоа проучете примери, изберете програмски јазик и започнете.
Но, што е воопшто програмирање? Програмирањето е процес на пишување на компјутерски програми. Веб програмирањето пак, претставува пишување на копмутерски програми кои работат исклучиво преку интернет (веб), односно веб програми или апликации.
Пишувањето на овие програми може да се изведе со користење на повеќе јазици и технологии како:
- HTML – markup јазик кој се користи за дефинирање на структурата на веб апликацијата;
- CSS – стилски јазик со кој се дефинираат стиловите, боите, фонтовите итн. на веб апликацијата;
- JavaScript – програмски јазик со кој се додава динамичност на веб страните;
- C# – програмски јазик кој се користи за изведба на комплексни софтверски решенија, и e еден од најмоќните програмски јазици, развиен од Мајкрософт;
Дали програмирањето е добро за децата?
Со развојот на технологијата и целосното дигитализирање на опшеството, се зголеми и побарувачката за програмери.
Според статистиките за STEM (Science, Technology, Engineering and Math) може да видиме дека до 2025 година, 3.5 милиони работни места во оваа индустрија ќе останат неисполнети. Исто така, 71% од STEM работите ќе бидат со компјутери, но само 8% ќе бидат од вработените ќе бидат со факултети поврзани од таа област.
Доколку ве интересира како програмирањето влијае врз децата можете да прочитате во следниве блог постови:
Други статии:
Дориа за 10 години ИЛИ ќе биде најјакиот програмер во светот ИЛИ ќе отвори рестиоран. Ама како и да е, телефон од дома мора да и купат. 1.Што ќе им препорача... 21 Nov.
Леонтина кај нас дојде во далечната 2021 година, остана со нас три години, се прошета низ програмите, и еве сега го дрма Њујорк. И направивме кафе,... 24 Oct.
👋 Запознајте ја Анѓелина, ментор на академијата за графички и веб дизајн. Дете кое го живее животот на возрасните, убаво пее и има син појас во аикидо 🥋. Дизајн... 24 Oct.