Што е Bootstrap? – водич за почетници

Доколку размислувате Front End програмирањето да биде вашата следна кариера, тогаш со сигурност треба да знаете што е Bootstrap . Првично креиран во 2011 година од програмери во Twitter Mark Otto и Jacob Thornton, Bootstrap стана една од најпопуларните CSS framework-ови.

Но што е Bootstrap и зошто треба да го научите да го користите? Во оваа статија ќе ве запознаеме со Bootstrap вклучително и неговите предности и слабости.

Што е Bootstrap?

Bootstrap е open-source framework кој се користи за креирање на респонсивни страни. Можеби ова ви изгледа како многу наеднаш, но ќе ги поминеме сите работи засебно.

Што е open-source framework?

Bootstrap првично бил создаден како интерна алатка која се користела исклучиво во Twitter, но за брзо станал отворен код (бесплатен и јавно достапен за користење). Секој може да го користи Bootstrap за лична и комерцијална употреба.

Како framework, Bootstrap e збирка од однапред напишани парчиња код во CSS, HTML и JavaScript што им овозможува на програмерите да креираат веб страници побрзо, наместо да го пишуваат секое парче код од почеток.
Bootstrap им заштедува време на прогамерите за да можат да се фокусираат на други работи, наместо да пишуваат CSS кодови.

Bootstrap ти помага да креираш респонсивни веб страни.

Секоја веб страна треба да биде прилагодена за различни уреди, платформи и големини на екран. Без разлика дали страната ја посетувате од вашиот Android телефон или вашиот 20инчен лаптоп дома, треба да видите верзија на страната со копчиња, фонтови и елементи кои не изгледаат премногу мало или големо.
Ова можеби изгледа тешко доколку правите страница од нула, затоа Bootstrap ви скратува голем дел од времето.

Што е Bootstrap 5?

Од првичната верзија во 2011 година, Bootstrap имаше неколку ажурирања што додадоа нови главни карактеристики како опциите за навигација, повеќе прелистувачи како поддршка и префрлување од LESS на SASS за стилизирање.
Bootstrap 5, кој беше финализиран во 2021 година е широко користен, и тоа е верзијата која ја изучуваме на Front End академијата.

Предности на Bootstrap

Сега кога знаеш што е Bootstrap и за што се користи можеме да ги разгледаме неговите предности.

Респонсивен grid

Ова е веројатно најголемата предност на Bootstrap. Добро дизајнираниот грид систем е она што ги прави страниците да одговараат на различни големини екрани.
Како што споменавме погоре, Bootstrap ја извршува целата работа овде обезбедувајќи грид систем кој може да се прилагоди на секој уред и резолуција на екран. И со Bootstrap e лесно да означите кои елементи ќе бидат видливи само на десктоп, а кои само на мобилен.

Компатибилност

Веб страните изработени со Bootstrap se компатибилни со сите главни прелистувачи: Chrome, Firefox, Safari, Edge, IE10, Opera.
Компатибилноста на Bootstrap не застанува тука, таа исто ги вклучува и Android, iOS, Windows 10 Mobile, Mac, Windows.
Доколку немате телефон на Windows за да тестирате нема потреба да се грижите дали ќе има проблем со компатибилноста со таа платформа или прелистувач.

Слабости на Bootstrap

Сега кога знаете за моќта на Bootstrap, можеби се прашувате зошто некои компании и луѓе не го користат? Настрана од добрите работи секој продукт има и слабости кои треба да ги земете во обзир пред да креирате страна со Bootstrap.

Повторувачки стил

Тука можеме да го наречеме Bootstrap жртва на својот успех. Луѓето насекаде користат Bootstrap за да изградат веб страни, што значи дека многу страни ќе бидат изградени по истиот шаблон.
Иако е можно да си го прилагодите дизајнот според потребите на страната, многу од програмерите се држат со класилниот основен дизајн. Доколку не сте подготвени да вложите време и труд за да го прилагодите Bootstrap имајте на ум дека вашата страна ќе изгледа како многу други постоечки страни.

Тежина

Иако Bootstrap ви овозможува лесно да креирате страни, тоа не значи и дека е најефикасната опција. Познато е дека веб-страниците изградени со Bootstrap се интезивни за ресурси што значи подолго време за вчитување и празнење на батеријата на тој што ја посетува страната.

Можно е да ги користите алатките за прилагодивање на Bootstrap за да го отстраните непотребниот код и функциите. Но за оваа опција потребно е да стекнете одредено познавање на Bootstrap.

Заклучок: Кога да користите Bootstrap?

Bootstrap е моќна алатка која ви овозможува брзо да изградите атрактивни веб страници што изгледаат одлично на сите уреди. Иако постојат дефинитивно некои недостатоци, во многу случаи придобивките од одговорноста на веб страницата, широката компактибилност и заштеденото време ќе ги надминат минусите. Со малку труд и време можете да ги отстраните и тие недостатоци.

Ако размислувате за кариера во Front End програмирањето дефинитивно ќе сакате да бидете запознаени со Bootstrap. Бидејќи и е доста популарен големи се шансите да работите со него на проекти.

Како да започнете со учење на Bootstrap?

Bootstrap е вредна вештина што треба да ја знаете како Front End програмер. Најдобриот дел од Bootstrap е тоа што се надоврзува со други напредни развојни вештини како CSS, HTML и JavaScript.
Bootstrap можете да го научите на нашата 5 месечна Front End академија заедно со останатите технологии од Front End пакетот.

yellow circle