Што работи Веб Програмер?

Веб програмерите имаат клучна улога во нашето општество. Одговорни за развој и одржување на веб – страниците, тие стојат зад сите наши омилени веб страни, од Facebook до Netflix.

Денес на секоја организација и требаат веб програмери за да бидe во чекор со конкуренцијата. Според статистиката, се очекува потребата за оваа професија да се зголеми за 8% до 2029 година. Но зошто веб програмерите се толку неопходни?

Архитекти на решенија

Веб програмерите градат веб страни и апликации што ги задоволуваат потребите на нивната компанија или клиент. За да го направат тоа им требаат две работи:

  1. Способност за креирање веб страници
  2. Способност да се открие како да се задоволат потребите на клиентот со користење на веб апликацијата

Може да гледате на веб програмерите како ,,архитекти на решенија”. Најпрво тие го одредуваат најдобриот начин за решавање на предизвиците со кои се соочува нивниот клиент, а потоа развиваат веб апликација што ги исполнува нивните цели.

Ова е една од клучните разлики помеѓу веб програмерите и веб дизајнерите. Додека веб дизајнерите се фокусираат на изгледот и естетиката на страницата, веб програмерите повеќе се грижат за структурата, функционалноста и ефикасноста.

Технички вештини

Три јазици се клучни во развивањето како front-end програмер: HTMLCSS и JavaScript . HTML ја создава структурата на веб страницата, CSS додава стилски елементи како бои и типографија, а JavaScript овозможува интерактивност. Заедно овие три јазици ја формираат основата на веб програмирањето.

Заедно со јазиците наведени погоре програмерите користат и библиотеки како jQuery и ,,Frameworks” како Angular за да го забрзаат развојот и да додадат поголема функционалност на нивните веб страници.

Додека за Back – end програмирање потребно ви е познавање на релациони бази на податоци на пример MS SQL, Orlacle, My SQL и некој од програмските јазици за изведна на back-end логика, како C#, Python, Java, C++.

Постојано учење

Како сите технологии така и програмските јазици, библиотеките и framework – от што ги користат веб програмерите постојано се развиваат. Доколку сте некој кој има желба за постојано учење ќе бидете секогаш во тек со новите случувања во индустријата. Тоа ќе ја зголеми и потребата од вас и вашите вештини.

Работни позиции

Постојат неколку различни типови на веб програмери од кои секој се фокусира на различен аспект на создавањето на веб страница.
За да се разбере што е веб програмер клучно е да се знае дека има три типа на веб програмери, front-end, back-end I full-stack.

Front-end програмерите се одговорни за деловите од веб страницата што луѓето ги гледаат, Back-end програмерите се одговорни за кодот зад сцената што контролира како се вчитува и работи веб страницата, додека full-stack програмерите работат од се по малку.

Front end програмери

Ова се програмери кои го програмираат интерфејсот на апликацијата или веб страната. Треба да создадат атрактивен и функционален интерфејс кој ќе биде лесен за користење на корисниците. Додека некогаш се случува и самите да го дизајнираат изгледот на страната, во некои компании front-end програмерите само програмираат веќе готови дизајни. Оваа позиција е супер за некој што ужива да биде на раскрсница меѓу уметноста и логиката.

Back end програмери

Целата позадинска структура и логика на веб страниците и апликациите е дело на back end програмерите. Доколку си логичар ова е позицијата за тебе. Преку имплементација на API, градење и интеграција на бази на податоци што ќе ги складираат податоците што ги внесуваат корисниците, back end пргорамерот ја има суштинската улога за функционирањето на целата страна.

Како да станете веб програмер?

Првиот чекор за да станете веб програмер е да научите како да користите HTML, CSS и JavaScript. Но, знаењето е само пола од работата, исто така ќе ви биде потребно и практично искуство. Откако ќе го научите овие алатки искористете ги за да изградите веб страница. Имањето на портфолио од веб страни што сте ги изработиле ќе ви помогне во пронаоѓањето на потенцијални клиенти и работа

Ако сакате да ги добиете овие вештини, проверите ги програмите што ги нуди нашата академија , дизајнирани на тој начин што ќе ви помогнат да се снајдете во работна средина. На академијата ќе работите на неколку проекти што можете да ги искористите за да креирате портфолио.

yellow circle