Речиси половина од сите игри во светот се креирани со Unity. Unity e game engine, осносно платформа за правење на игри. Подржува 2D и 3D графики, drag and drop функционалности и пишување на скрипти преку C#. Особено е популарен за развој на мобилни игри и голем дел од нивниот фокус е токму на мобилните платформи.
За да го доловиме значењето на Unity во светот на гејмерите, издвоивме три фантастични игри кои се изработени токму во овој game engine.
Among Us
Во септември 2020 година играта влезе во клубот на најиграни игри на сите времиња на Steam. Според статистиката на Steam, играта истовремено ја играле 388.385 луѓе повеќе од Grand Theft Auto 5 на своето деби. И тоа не сметајќи ги оние кои играат на Android I IOS апликацијата.
Голем дел од успехот на Among us е тоа што е адаптација на Mafia, забавна и бесконечно играна игра. Играта е исто така прилагодена и за играње во големи групи. Моментот на одлука на кого да му веруваш е секогаш напнат. Да се извлечеш од убиство и да го свртиш вниманието на целиот тим против невин играч е секогаш возбудливо.
Getting Over it
Кратка игра која може да ja завршите и за 10 минути. Но исто така и игра која ќе ви ги искине живците додека ја научите убаво. Првиот пат може и да ви бидат потребни 5-10 часа за да ја завршиш, ако воопшто и ја завршите некогаш. Иако механизмот на играта не е оргинален, премногу се разликува од било која игра што сте ја играле некогаш.
Одличен пример за нешто што го сакаме а е многу тешко за да го добиеме. Едноставна да се игра, но тешка за совладување. Играчот има само една разбирлива цел, контролите на играта се лесни, а нивото на предизвик се зголемува со нашето играње. Предизвикот е динамичен, а вештините на играчот зависат само од него, за разлика од останатите ликови контролирани од AI.
Други статии:
Дориа за 10 години ИЛИ ќе биде најјакиот програмер во светот ИЛИ ќе отвори рестиоран. Ама како и да е, телефон од дома мора да и купат. 1.Што ќе им препорача... 21 Nov.
Леонтина кај нас дојде во далечната 2021 година, остана со нас три години, се прошета низ програмите, и еве сега го дрма Њујорк. И направивме кафе,... 24 Oct.
👋 Запознајте ја Анѓелина, ментор на академијата за графички и веб дизајн. Дете кое го живее животот на возрасните, убаво пее и има син појас во аикидо 🥋. Дизајн... 24 Oct.