Програмирањето моментално е една од најдобрите професии со многу можности

По самото завршување на академијата за Front-end програмирање , Влатко Петрушевски успеа да се вработи во TechUp.

Кој е Влатко?

Дипломиран инженер по компјутерски науки на ФИКТ. Junior Developer. Човек што ужива да биде креативен. Филмоман. Покрај секојдневните обврски, слободното време кое ми останува го поминувам во надоградување на моето знаење, дружба, и секако гледање фудбал.

Од каде се роди желбата за програмирање?

Уште од основно образование знаев дека информатичката област е сферата во која најдобро би успеал и би се развивал. Затоа и високото образование го продолжив по истиот пат. Не треба многу за да сфатиш дека програмирањето моментално е можеби една од најдобрите професии со многу можности.

Што работеше пред да започнеш со програмирање?

После дипломирањето се вработив како дизајнер, стекнав големо искуство, поради што сметам дека имам предност во однос на визуелизацијата, дизајнот и изгледот на самата апликација.

Зошто full-stack? Која е предноста?

Како Full stack девелопер ги знаете сите аспекти на програмирањето. Истовремено работите и на клиентската страна на апликацијата, како и на базата на податоци за истата. Ви овозможува да имате поголема контрола врз проектот кој го работите. Без разлика дали сте логичар кој сака C# или сте креативец кој сака CSS, имате подобро разбирање за двете страни како full stack. Поради ова имате голема креативна флексибилност на ова поле. Побрзото носење на одлуки, заедно со креативната слобода и контрола врз проектот ја зголемуваат твојата продуктивност и заштедуваат многу време.

Кој дел те влече повеќе?

Според мене и front-end и back-end се еднакво важни за целосното функционирање на самата апликација, и не можат еден без друг. Кај front-end доаѓа до израз нашата визуелизација и имагинација, а кај back-end логиката. Како одредена промена ќе влијае врз целиот проект? Познавајќи ги двете сфери на веб програмирањето можеш да одговориш на ова прашање со поголема прецизност. Но доколку би морал да бирам меѓу двете би рекол одбрал front-end.

На какви проекти работиш моментално?

Во моментов сум вработен во TechUp Технолошкиот Парк. Работам на два проекти: првиот е ongoing ангажман за компанија од Дубаи, каде што работам на подобрување на изгледот и функционалностите на постоечки софтвер. Работам во дисперзиран тим со други девелопери, и морам да кажам дека е доста динамична работа која бара брзо учење и прилагодување. Другиот проект е производ за оптимизација на интерните процеси на една компанија. Тука веќе имаме временски притисок и мораме да го завршиме производот во рок од 4 месеци. Искрено, не ми требаше многу време да се прилагодам и на двата проекти, некако природно ми легна програмирањето и комуникацијата со колегите.

Опиши ни како излгеда работата на реален проект? Кои ти се предизвици?

Ролеркостер. Има моменти кога не знаеш што правиш, а во други моменти се чудиш како стана толку добар програмер. Не e екстремно голема разлика во споредба со проектите на академијата, освен што не барам помош од менторите веднаш кога ќе заглавам на проблем, туку прво гледам сам да најдам решение. Па ако не успеам, барам помош од колегите. А сепак и одговорноста е доста поголема кога работиш со реален клиент кој има високи очекувања.

Како си помина на академијата?

Супер. Имав претходно основно знаење како функционираат web апликациите кое сега го надополнив. Менторите несебично го споделија нивното знаење и посветија внимание на сите кои бевме дел од академијата. Работев на интересни проекти од кои многу научив. А и хакатоните беа супер, малку работа под притисок ќе ти ги отвори очите на кое ниво си како програмер.

Како би ги оценил менторите?

Посветени се на нивната работа и вложуваат огромен труд за секој од студентите да добие доволно внимание. Ги објаснуваат работите на ниво да може апсолутен почетник да ги разбере сите концепти.

Што би им препорачал на оние што се двоумат да започнат со програмирање?

Без разлика дали имаат или немаат претходно знаење, воопшто да не се двоумат и да почнат што е можно поскоро. Програмирањето е одличен избор за кариера и напредок. А и менторите во SkillUp си ја знаат работата. Треба само да имате желба, другото лесно се постигнува.

yellow circle