Кој е Влатко? Како би се опишал себеси?
Дипломиран инженер по информатика, повеќе од 10 години работам како software developer. Тоа што го работам сакам да го направам најдобро што можам и секогаш да учам нови работи.
Како се појави желбата за програмирање?
(од кога започна твојата кариера во програмирањето)?
Првите контакти со програмирањето ми беа уште во основно училиште. Со текот на годините интересот се зголемуваше, што ме наведе на изборот на студии на Природно-матеметичкиот факултет во Скопје, а потоа и професионалниот ангажман како software developer.
Неодамна започна со работа во Asseco. Како изгледа еден твој работен ден, кој ти е омилен дел од работата?
Секој ден носи нови предизвици, а омилен дел од работата е оној кога знам дека некому сум помогнал или успешно сум решил некоја задача/проблем.
Како би ја опишал SkillUp со три збора??
Современо, ефикасно, професионално.
Како си задоволен од менторите и целосното искуство?
Менторите беа целосно ангажирани, посветени и достапни во секое време. Начинот на пренесување на знаењето беше прифатлив и разбирлив, а проектите што требаше да ги завршиме како домашни задачи ни помагаа да утврдиме колку сме го совладале материјалот. Секоја чест за менторите Стеве и Борче, за нивната професионалност и посветеност.
Што би му препорачал на некој што се двоуми дали да започне со програмирање?
Искрено би му препорачал да не се двоуми, предавањата и вежбите во SkillUp се добро смислени и успешно се реализираат, може многу да се научи во областа на современите технологии кои се најактуелни во моментов.
Сакаш да научиш да програмираш?
Уписите за нашите академии се во тек. Прочитај ги искуствата на студентите.
Други статии:
👋 Запознајте ја Анѓелина, ментор на академијата за графички и веб дизајн. Дете кое го живее животот на возрасните, убаво пее и има син појас во аикидо 🥋. Дизајн... 24 Oct.
Запознајте ја Тања, нашиот нов ментор на академијата за веб девелопмент. Тања го споредува програмирањето со правење вкусна сарма.😋 Различните програмски јазици... 16 Oct.
Ова е Радмила, нашиот нов ментор на академијата за Scratch!За учењето програмирање ќе каже дека: “Исто како и возењето велосипед, учењето да се програмира е... 04 Oct.