Дали е тешко да станеш програмер?

Додека уписите за академиите се во полн ек, средбите со потенцијалните студенти не потсетија дека во секоја уписна сесија, најголемиот дел од студентите го поставуваат истото прашање: дали е тешко да станеш програмер?

Нема едноставен одговор на ова прашање. Сепак, има неколку фактори кои ќе влијаат на целокупното искуство.

Видот на програмирање и технологијата

Frontend, backend, C#, PHP, JavaScript, Angular… во светот постојат мал милион технологии и нивни примени. Секоја од нив си има свои специфичности, добри и лоши страни. Секоја од нив е полесна или потешка од друга во дадена ситуација.

Frontend програмирањето има моментален и визуелен фидбек, backend бара повеќе логика и претпоставки. C# има свои предности пред PHP, но и свои слабости. За да научиш една технологија полесно, мораш да бидеш свесен за нејзината примена, предностите и слабостите, и fit-от што тие го има со твојот карактер. Што не носи на следната точка.

Твојот карактер

Ако си визуелна личност која има нерви да помине цел ден да дотерува едно копче, МОЖЕБИ си повеќе за frontend. Доколку си повеќе логичар, МОЖЕБИ си повеќе за backend. МОЖЕБИ е намерно напишано со големи букви, за да се нагласи дека ова не се факти. Секако дека мораш најпрво добро да се информираш што би работел со конкретен тип на програмирање и технологија. Откриј како би изгледал твојот работен ден како програмер. Кои би ти биле задачите и одговорностите. Со кого најмногу би соработувал.

Влезе во филм? Убаво ти беше тоа што го виде? Епа учи го тоа! И да, можеш да бидеш frontend програмер дури и ако немаш око за дизајн.

Начинот на учење

Се што ќе учиме на академијата е лесно достапно и (пссст) бесплатно на интернет. Секој од вас е оддалечен само едно google-ање од почеток на учење на програмирање. За оние луѓе кои најдобро учат сами – најдете туторијали и учете сами од нив.

Меѓутоа, за луѓе кои учат најдобро преку слушање и гледање, помош при учење, особено за тема со која се соочуваат првпат во животот, е и те како потребна. Она што студентите најмногу го ценат е да имаат ментор кој добро ќе им ги објасни основите, ќе биде детален, и пред се трпелив. Програмирањето бара време и труд.

Времето поминато во учење

skillup академијата, или било која друга акдемија на светот, е тука само да ги води студентите низ материјалот, да ги насочи и помогне во совладување на материјата. Меѓутоа, ниедна академија нема да те направи програмер. Дали ќе станеш програмер или не, зависи само од тебе. Твоите сигурно барем еднаш ти рекле да го загрееш столчето. Истото ќе ти го кажеме и ние. Кога учиш програмирање, (или било која друга вештина), мораш комплетно да се внесеш во процесот и да поминеш дооолги часови во учење и вежбање. Само така ќе успееш да ја сфатиш суштината на програмирањето.

Се надеваме дека помогнавме барем малку. Уписите кај нас се во тек (во другите академии немаме поим), материјали на итнернет, еден тон. Off you go!

Сакаш да научиш да програмираш?

Уписите за нашите академии се во тек. Прочитај ги искуствата на студентите.

yellow circle