SkillUp супер херои: Андреј од академијата за Web Design!

Компјутерите ме привлекуваа уште од мал, така и се роди желбата да станам програмер и затоа барав курс да почнам да учам во оваа област. За SkillUp дознав преку објава на вашата страница на фејсбук кога беа уписите.

Кој подобро би сведочел за искуството во SkillUp ако не нашите студенти? Андреј Арсов е студент на академијата за веб дизајн. Андреј, ај на интервју?

Како си?

Се чувствувам одлично и сум многу возбуден за ова интервју. 😊

Кој е Андреј?

Јас сум Андреј Арсов, студент на детската академија за Web Design прва година. Учам во основното училиште Васил Главинов, сакам да работам со компјутери и се гледам себе како иден програмер.

Што правиш кога не програмираш?

Освен програмирањето сакам да спортувам и се посветувам на учењето. Покрај програмирањето најмногу време поминувам учејќи, исто така често знам да излезам со другарите или да играм кошарка, но тоа во слободното време.

Како стаса да се запишеш на академија, како дозна за SkillUp?

Компјутерите ме привлекуваа уште од мал, така и се роди желбата да станам програмер и затоа барав курс да почнам да учам во оваа област. За SkillUp дознав преку објава на вашата страница на фејсбук кога беа уписите. Веднаш се заинтересирав, пројавив желба да се запишам и многу ми е мило што сум дел од академијата.

И што ќе ни кажеш за академијата?

Од академијата сум презадоволен и сметам дека многу добро постапив што се запишав. Многу деца на мојата возраст се плашат да почнат да учат, бидејќи мислат дека е тешко и нема да успеат, но можам да кажам дека со пристапот, начинот на објаснување и помошта од менторите може да се совлада голем дел од материјалот, секако мора и да бидете внимателни на часевите и да вежбате дома во слободното време. На академија учам Web Design, поточно оваа година учев HTML, CSS и Bootstrap. Часевите се многу интересни, менторите одлични! Од организираните настани поврзани со академијата би го издвоил escape room настанот каде што требаше да ги користиме стекнатите знаења за да излеземе од предавална, и секако олимписките игри каде немаше програмирање но си поминав преубаво 😊

Кажи ни нешто за проектот што го направи?

На крај на академската година секој ученик има задача да направи сопствен проект и на тој начин да го покаже знаењето што го стекнал за време на часевите во текот на годината. Мојот проект беше за Формула 1. Јас се одлучив за поголем проект кој бараше повеќе труд, време и внимание. Во текот на изработката на проектот наидов на неколку потешкотии, но вредеше кога го добив крајниот резултат. Во процесот на изработка на страната се забавував, бев креативен и генерално немав некои големи проблеми при составувањето и изразувањето на моите идеи преку тоа што сум го научил.

Се гледаме наредна година?

Имам желба и сакам да го продолжам моето образование и наредната година во SkillUp. Како што веќе кажав SkillUp навистина ми помогна и приметив голем напредок кај мене па не гледам зошто не би сакал да продолжам и наредната година. Едвај чекам да дојде октомври.

yellow circle