SkillUp супер херои: Кирил од академијата за Web Design!

Програмирањето почна да ме привлекува пред неколку години, сакав да почнам да учам да програмирам, но не знаев дека постои академија во нашиот град. За SkillUp разбрав преку мое другарче и кога дознав за тоа веднаш ги натерав родителите да ме запишат.

Ви го претставуваме нашиот нов супер херој, Кирил Саздов. Фанатик за фудбал, навивач на Милан и студент на академијата за Web Design. Му направивме мини интервју да видиме што ќе каже за SkillUp.

Како си?

ОДЛИЧНО!

Koj е Кирил?

Јас сум Кирил Саздов, студент на академијата за Web Design во SkillUp. Имам 15 години и учам во основното училиште “Св.Кирил и Методиј”. Фанатик за фудбал и компјутери, па затоа одлучив да се запишам на академија за програмирање.

Што правиш кога не програмираш?

Учам, гледам фудбал, спортувам и вежбам програмирање.

Од каде идејата за програмирање и како слушна за SkillUp?

Програмирањето почна да ме привлекува пред неколку години, сакав да почнам да учам да програмирам, но не знаев дека постои академија во нашиот град. За SkillUp разбрав преку мое другарче и кога дознав за тоа веднаш ги натерав родителите да ме запишат. 😊

И, што ќе ни кажеш за академијата?

Преубаво е! Мнoгу ми е мило што сум дел од SkillUp. Оваа година бев дел од академијата за Web Design, поточно учевме HTML и CSS. Материјалот на некој можеби му изгледа тежок, но со помош на менторот и со внимание на часевите истиот лесно го совладавме. Секој час е интересен и забавен и навистина уживам додека учам. Понекогаш имаме интересни игри како што беа Escape Room и Олимписките игри, и на двете си поминав одлично и се надевам дека во иднина ќе има уште такви игри.

Кажи ни нешто за проектот што го направи?

За крај на академската година секој од нас требаше да направи по една веб страна и да покаже што научил. Мојот проект беше да направам веб страна за мојот омилен фудбалски клуб Милан, и истата беше составена од 3 дела. Не ми беше тешко и немав проблеми при правењето на истата, баш напротив ми беше многу забавно и интересно, ми беа потребни 4-5 дена за да ја завршам комплетно.

Се гледаме наредна година?

Секако. 😊

yellow circle