SkillUp супер херои: Јована од академијата за Web Design!

Во текот на академијата беше забавно со менторот кој правеше сите часеви да бидат интересни на свој начин, но ако треба да одвојам некој момент тоа би било кога игравме Escape Room. Во целина си поминав феноменално!

Кој подобро би сведочел за искуството во SkillUp ако не нашите студенти? Јована Аспорова е студент на академијата за веб дизајн. Јована, ај на интервју?

Како си?

Топ 😄

Која е Јована?

Јас сум Јована Аспорова ,имам 13 години и учам во основното училиште “Васил Главинов”.

Што правиш кога не програмираш?

Кога не програмирам сакам да гледам филмови, серии и да спортувам.

Како стигна да се запишеш на академија, како дозна за skillup?

Пред две години започнав во SkillUp како студент за програмирање на Scratch. Наредната година се запишав на академијата за HTML i CSS. За SkillUp слушнав од братучедка ми и сум многу среќна што се запишав.

И што ќе ни кажеш за академијата?

Оваа година учев Web Design, односно програмирање со HTML i CSS. Да признаам во некои моменти ми беше тешко, но тоа беше многу кратко, материјалот брзо го совладував со помош на менторот. Во текот на академијата беше забавно со менторот кој правеше сите часеви да бидат интересни на свој начин, но ако треба да одвојам некој момент тоа би било кога игравме Escape Room. Во целина си поминав феноменално!

Кажи ни нешто за проектот што го направи?

Мојот финален проект беше за зимски спортови. Ја одбрав таа тема бидејќи од мала ми е интересно и забавно да спортувам, посебно на снег. Страната е составена од 3 дела во кои се опишани некои од спортовите и има едноставен Ski Shop, како и препорачани места за рекреативно спортување. Креирањето на страната беше забавно и немав потешкотии со неа така што не ми требаше долго време да ја комплетирам.

Се гледаме наредна година?

Се разбира 😄

yellow circle