SkillUp супер херои: Панче од академијата за Web Design!

Од секогаш сум сакал да знам како се прават програми, веб-страни, игри и знам дека во тоа е иднината. Дознав за SkillUp од моја братучедка која работи во компјутерско инжинерство, па потоа веднаш се пријавив кога беа уписите.

Покрај љубовта за природните науки Панче од минатата година е дел од академијата за Web Design во SkillUp. Го викнавме Панче на цедевита и го прашавме за неговото искуство во академијата.

Како си?

Одличен и спремен да одговорам на прашањата од ова интервју 😀

Кој е Панче?

Јас сум Панче Крстев, студент на академијата за Web Design на SkillUp. Имам неполни 14 години и учам и живеам во Велес, во училиштето “Блаже Конески”. Сакам да учам и да се надградувам. Сум бил на многу натпревари по Математика и по другите природно научни предмети на училиште, но ги сакам компјутерите од хардверски и софтверски аспект, па затоа сум денеска на ова интервју од SkillUp.

Што правиш кога не програмираш?

Најголем дел од времето кога не програмирам го минувам во учење. Секој ден, а и во летниот распуст, решавам задачи по математика и физика, учам хемија, биологија итн. Кога не учам уживам во возење на велосипед и си мерам колку брзо трчам 100 метра 😀, а и вежбам играње на домашното футбалче.

Како стигна да се запишеш на програмирање, како слушна за skillup?

Од секогаш сум сакал да знам како се прават програми, веб-страни, игри и знам дека во тоа е иднината. Затоа од секогаш ме интересирало програмирањето. Дознав за SkillUp од моја братучедка која работи во компјутерско инжинерство, па потоа веднаш се пријавив кога беа уписите.

И што ќе ни кажеш за академијата?

Академијата е прекрасна. Јас лично научив да правам и уредувам веб-страни во периодот кога траеше академијата преку HTML и CSS. Секако за ова фактор беше мојот ментор, и тоа што секогаш вежбам и повторувам тоа што сум научил од часот. Но сметам дека секој со добро сортирање на време, ќе има време за се и ќе научи нови знаења. Часовите поминуваа интересно, забавно и брзо. Дури на неколку пати се организираа и интересни активности како Escape Room-от и Олимписките игри кои беа многу интересни.

Кажи ни нешто за проектот што го направи?

Последниот, оној главниот проект говори за колку си научил целата година. Мојот проект беше базиран на веб-страница на фиктивна организација Skyfire, којашто има задача да го подигне нивото на грижење за околината на човекот, која си организира свои проекти и донации. Целото време во правење на проектот беше забавно, бидејќи си направив и таканаречен BluePrint кој е планот како ќе изгледа страната. Имаше некои интересни замисли, кој беа многу тешки за правење, но мојот ментор ми помогна во истите со што накрај страната испадна како што ја замислив.

Се гледаме наредна година?

Како што реков, целта ми е да се наградувам во досегашните знаења, особено во делот на компјутерите. Затоа со сигурност се гледаме наредна година.

yellow circle