Суперхерој на денот: Алек Ѓоргиев.
Прва година на академијата за веб дизајн.
Сака да чита книги, програмира, излегува со другарите и е професионален бајкер. Се шушка дека ќе вози и на Tour de France за некоја година.
Алек, спуштај ногарките и ајде на интервју!
1.Како си?
Одлично!!!
2. Кој е Алек?
Здраво јас сум Алек Ѓоргиев, ученик сум во ООУ “Блаже Конески”, имам 14 години и оваа година сум за првпат дел од академијата skillup на Web Design.
3.Што правиш кога не програмираш?
Кога не програмирам многу сакам да читам книги, да излегувам со моите другари, да спортувам, возам велосипед, или да изиграм некоја добра игра на компјутер.
4.Како стаса да се запишеш на академија, како слушна за skillup?
За Вашата академија дознав минатата година од социјалните медиуми, а потоа и од татко ми, со кој по краток разговор одлучив да се запишам. На мојата одлука исто така влијаеше и добриот глас што кружи во градот за академијата.
5.И што ќе ни кажеш за академијата?
Воодушевен сум! Се е прекрасно. Оваа година на академијата учам веб дизајн (HTML и CSS) заедно со Bootstrap. Можам да кажам дека воопшто не е тешко, само има некои делови каде што треба да посветиме повеќе внимание,но тука е нашиот ментор Влатче за да ни помогне. Покрај програмирањето во skillup имаше организирано Escape Room, каде што требаше да покажеме колку сме совладале од материјалот редејќи код како сложувалка, но на крајот нашиот тим победи. Имаше организирано и Олимписки игри каде што бевме собрани сите деца од академијата, игравме различни игри, се смеевме и забавувавме, но на крајот за жал изгубивме.
6. Кажи ни нешто за проектот што го направи?
На крајот од годината секој од студентите имавме задача да направиме свој проект, користејќи ги технологиите кои ги учевме во текот на годината. Јас изработив проект за Barber shop. Го правев околу една недела, каде што ми беше многу интересно додека го изработував.
7. Се гледаме наредна година?
Се гледаме!!!
Други статии:
Дориа за 10 години ИЛИ ќе биде најјакиот програмер во светот ИЛИ ќе отвори рестиоран. Ама како и да е, телефон од дома мора да и купат. 1.Што ќе им препорача... 21 Nov.
Леонтина кај нас дојде во далечната 2021 година, остана со нас три години, се прошета низ програмите, и еве сега го дрма Њујорк. И направивме кафе,... 24 Oct.
👋 Запознајте ја Анѓелина, ментор на академијата за графички и веб дизајн. Дете кое го живее животот на возрасните, убаво пее и има син појас во аикидо 🥋. Дизајн... 24 Oct.