SkillUp супер херои: Лука од академијата за Web Design!

За skillup академијата за програмирање во Велес за првпат слушнав од мои соученици кои подолго време биле дел од академијата. Имав желба, се распрашав пошироко, звучеше интересно, па реков зошто да не?!

Суперхерој на денот: Лука Панов.
Прва година на академијата за веб дизајн.

Освен тоа што го бива за програмирање, Лука го бива и многу, ама мнооогу за фудбал! Веќе 7 години активно ја копа тревата на стадион. Негов сон е да ја освои УЕФА Лигата на шампиони, за која што направи и сајт за дипломската.

Лука доста редиш, остај фудбалот и ајде на интервју!

    1. Како си?

    Одлично!

    2. Кој е Лука ?

    Јас сум Лука Панов, полуматурант од ООУ „Блаже Конески“ и оваа година за првпат студент на академијата за web design.

    3. Што правиш кога не програмираш?

    Кога не програмирам најчесто сум излезен со екипата, активно тренирам фудбал веќе 7 години и посветен сум многу на тоа, исто колку и на програмирањето 🙂

    4. Како стаса да се запишеш на академија, како слушна за skillup?

    За skillup академијата за програмирање во Велес за првпат слушнав од мои соученици кои подолго време биле дел од академијата. Имав желба, се распрашав пошироко, звучеше интересно, па реков зошто да не?!

    5. И што ќе ни кажеш за академијата?

    Оваа година, за прв пат на web design – HTML и CSS. Како и за се друго во животот бара жртва и посветеност. Секако многу е забавно и интересно, се мотивираш да најдеш решение за секој проблем. На Escape room убаво се помачивме, ама па за разлика од тоа на Олимписките игри рутински, Дојдовме, Видовме, Победивме! 😉

    6. Кажи ни нешто за проектот што го направи?

    На последните часови, секој студент имаше задача да го примени наученото во текот на годината, во еден завршен проект. Јас се одлучив за УЕФА Лигата на шампиони. Иако финалниот производ не беше како што замислував, уживав при изработката.

    7. Се гледаме наредна година?

    Со задоволство!

    yellow circle