Секој ден е нов предизвик, но во основа е: кафе, музика, код (ако е функционален, тогаш денот е совршен). Ова е, за среќа, динамична работа.

Запознај ја Билјана, уште една успешна приказна на skillup. Веднаш по завршување на праксата Билјана стана дел од тимот на techup. Биле ајде на кафе и муабет.

Која е Билјана?

Билјана е мајка, патник по светот, љубител на книги, ракомет и вино. И од скоро програмер 😊

Како се појави желбата за програмирање?

Во почетокот разгледував туторијали за Linux администратор и QA тестер, но не ме привлекоа, не се пронајдов. Лутав помеѓу неколку полиња додека наидам на програмирањето и сфатив дека тоа е она што сакам да го работам.

Што има ново на професионален план? Како изгледа еден твој работен ден?

Епа ете, започнав со работа како frontend developer во techup 🙂 Секој ден е нов предизвик, но во основа е: кафе, музика, код (ако е функционален, тогаш денот е совршен 😊). Ова е, за среќа, динамична работа. Секогаш има нови техники за учење и совладување.

Како академијата ти помогна во новата кариера?

Академијата ми беше огромна отскочна даска. Започнав практично од нула, со многу мали, скоро никакви, предзнаења од HTML и CSS. Лично, сметам дека за почетници без предзнаења е голема помош што академијата е со физичко присуство. Стеве и Деки беа секогаш достапни и секогаш со практични совети. Некои ситници едноставно не можеш да ги научиш сам дома online.

Што би им препорачала на сите што размислуваат да започнат со програмирање?

Да започнат веднаш, долг е патот на учење 😊 Она што дополнително мотивира во оваа професија е што секоја ново научена работа, секој решен проблем го гледаш пред себе, си го гледаш сопствениот успех.

yellow circle