SkillUp супер херои: Марко од академијата за Web Design!

Академијата е едно прекрасно место каде тоа што највеќе го сакав, успеав и да го научам. Ова беше мојата прва година каде што учев Web Design, поточно HTML,CSS и Bootstrap. На почетокот ми беше тешко додека се вклопам во новата средина, но после кратко време успеав да се запознаам со многу нови другари и да го засакам програмирањето уште повеќе!

Академијата е едно прекрасно место каде тоа што највеќе го сакав, успеав и да го научам. Секако мора да им се заблагодарам на менторите кои на интересен начин успеаја да го пренесат нивното занење и да не направат многу поуспешни.

Како си?

Одлично.

Кој е Марко?

Јас сум Марко Ангелов, ученик во академијата за Web Design во SkillUp. Имам 14 години и учам во ООУ „Блаже Конески“. Сакам да истражувам, да учам за компјутерите, уживам во спортот и дружење со другарите.

Што правиш кога не програмираш?

Кога не порграмирам покрај училишните обврски исто така сакам да спортувам, да излегувам со моите другари и да играм видео игри.

Како стаса да се запишеш на академија, како слушна за skillup?

Пред да се запишам во SkillUp, пројавив доста голема желба кон програмирањето и почнав да истражувам и да учам сам. Потоа татко ми ме советуваше да се запишам во академијата SkillUp каде професионалци ќе можат да ме научат и да ме однесат на прав пат.

И што ќе ни кажеш за академијата?

Академијата е едно прекрасно место каде тоа што највеќе го сакав, успеав и да го научам. Ова беше мојата прва година каде што учев Web Design, поточно HTML,CSS и Bootstrap. На почетокот ми беше тешко додека се вклопам во новата средина, но после кратко време успеав да се запознаам со многу нови другари и да го засакам програмирањето уште повеќе! Секако мора да им се заблагодарам на менторите кои на интересен начин успеаја да го пренесат нивното занење и да не направат многу поуспешни. Академијата за да ни ги направи интересни деновите и да не одморат малку од учење организираа разни игри. На пример најзабавна игра ми беше Escape room, каде требаше со помош на тоа што сме го научиле да ги решиме загатките пред противничкиот тим. Оваа игра ми буди најинтересни спомени затоа што нашиот тим победи , а јас придонесов на таа победа со решавање на последната загатка 😄

Кажи ни нешто за проектот што го направи?

„Како шлаг на тортата“ на крајот од годината секој од нас имаше задача да направи своја web страна каде ќе го искористи целото свое знаење кое го стекнал во тек на годината. Јас бев инспириран од одгледувањето на пчели со кое се занимава мојата фамилија. На тој начин доста научив за пчелите и уживав во програмирањето и правењето на оваа страна. Оваа страна не e единствена. Имам уште неколку кои ги правам со задоволство. Не наидов на некои поголеми проблеми, а доколку се појавеше некој тука беа моите ментори кои ми помагаа при негово решавање.

Се гледаме наредна година?

Секакo , HTML и CSS беа телото и изгледот на страницата , а сега ни остана мозокот – Java Script.

yellow circle