SkillUp супер херои: Матеј од академијата за Web Design!

Ако треба нешто да издвојам од академијата тоа би биле Escape room играта и Олимписките игри на кои за жал јас и мојата група изгубивме, но јас си поминав преубаво.

Матеј е студент на академијата за веб дизајн. Суперхерој, махер за програмирање, а во слободно време и гејмер. Го седнавме на цедевита и “одоколу” го прашавме неколку прашања за искуството во SkillUp.

Како си?

Супер.

Koj е Матеј?

Јас сум Матеј Василев, имам 15 години и сум студент на академијата за Web Design во SkillUp.

Што правиш кога не програмираш?

Кога не програмирам гледам туторијали за програмирање 😃, уживам да играм добри видео игри, сакам да излезам да се забавувам со другарите и сл.

Од каде идејата за програмирање и како слушна за SkillUp?

Од секогаш сум имал желба да научам да програмирам. Едно другарче ми прати пост дека SkillUp академијата за програмирање во нашиот град, која не знаев дека постои, има отворен ден. Дојдов, видов и се запишав. 😊

И што ќе ни кажеш за академијата?

На академија сум прва година и учам Web Design, односно HTML и CSS. Не е толку тешко, или барем јас имам таков впечаток бидејќи го имаме Ѓоре кој објаснува многу убаво и прави часовите да бидат премногу забавни и интересни. Цела година ми беше убаво и интересно, ако треба нешто да издвојам тоа би биле Escape room играта и Олимписките игри на кои за жал јас и мојата група изгубивме, но јас си поминав преубаво. Беше многу возбудливо и забавно.

Кажи ни нешто за проектот што го направи?

На крајот од академијата секој ученик треба да направи проект, односно сопствена веб страна користејќи технологиите што ги научил во текот на годината. Мојот проект конкретнно беше за фитнес теретана, односно онлајн продавница за продажба на фитнес опрема и суплементи. Не ми беше многу тешко, напротив ми беше многу забавно и уживав додека работев на него. Заглавив кај респонсивот, малку се измачив додека го средив, но најбитно успеав да го поправам.

Се гледаме наредна година?

Нормално. 😊

yellow circle