SkillUp супер херои: Матеј од академијата за Web Design!

За академијата имам само убави зборови и мислам дека секој што може да се надогради самиот себе треба да направи еден чекор напред и да се запише на академија.

Матеј е студент на академијата за веб дизајн. Пред да ја продолжи својата едукација во SkillUp го викнавме Матеј да го сподели своето искуство со нас од претходната година.

Како си?

Одлично!! 😀

Koj е Матеј?

Јас сум Матеј Ташев. Имам 14 години, учам во ООУ Блаже Конески и сум студент на академијата за Web Design.

Што правиш кога не програмираш?

Возам точак, играм фудбал, одам во теретана со моите другари.

Како стигна да се запишеш на академија, како дозна за skillup?

Заинтересиран сум за програмирање бидејки мислам дека тоа е иднината . Се распрашав и од другар дознав дека и во нашиот град има академија на која можам да научам сѐ за програмирањето.

И што ќе ни кажеш за академијата?

За академијата имам само убави зборови и мислам дека секој што може да се надогради самиот себе треба да направи еден чекор напред и да се запише на академија. Нема ништо страшно и се што ќе научиш е плус во животот. Мене оваа година на академијата ми беше прва и учев HTML и CSS. Имаше делови кој што беа малку тешки, но голем дел беше лесен за да се научи. Мене ми беше мошне интересно бидејќи учев нешто ново и ми беше се поинтересно како идеше секоја нова лекција. Исто така имаше и забавни игри како Ecape room и Олимписките игри.

На Escape room си поминав прекрасно бидејќи бевме 2 групи и се натпреварувавме која група е подобра, и како што очекував јас бев во победничкиот тим 😉. За жал јас не бев во можност да учествувам на Олимписките игри, но верувам доколку бев во можност да учествувам ќе си поминев прекрасно и пак ќе бев во победничкиот тим 😄

Кажи ни нешто за проектот што го направи?

Да бидам искрен не беше многу лесно. Имаше места каде што заглавував но наставниците секогаш беа тука за да ни објаснат и да ни помогнат со проектот. Во текот на изработката на проектот за мене беше забавно, уживав додека го работев. Заглавив во CSS-от поточно тоа е јазик за стилски страници што се користи за опишување на изгледот и форматирањето на документот.

Се гледаме наредна година?

Секако, со душа чекам 😊

yellow circle