Не размислувајте, започнете веднаш, бидејќи може да ви биде life changing момент!

Олгица е новиот шампион на Frontend академијата. Дојде супер мотивирана, си даде отказ од старата работа, и комплетно се посвети на програмирањето. Си направивме кафе, си седнавме пред канцеларија и си направивме муабет што се случува кај неа на професионален план и какво е нејзиното искуство со академијата.

Која е Олгица?

Поранешен студент на академијата за Front-End на skillup. За себе би рекла дека сум креативна, трпелива, љубопитна и истрајна. Во слободно време сакам да прочитам добра книга, да одам во театар или да изгледам некоја добра серија и секако сакам да патувам. Често знам да се мотам во кујна и да испробувам нови слатки рецепти а музиката е неизбежен дел од целиот процес.

Како се појави желбата за програмирање?

Потребата да се излезе од комфор зоната си го донесе своето. Во изминативе неколку години доста истражував на ова поле. Заклучив дека ова е област која нуди огромен спектар на можности, развивање на начин на размислување и пристап кон проблеми преку многу предизвици. Во програмирањето има слобода, флексибилност, работа во тимови, разменување на идеи и континуирано учење на нови работи.

Што има ново на професионален план? 😊 Како изгледа еден твој работен ден?

Ново на професионален план е ново работно место како Front-End developer во TechUp Technology Park веднаш по завршување на праксата во SkillUp 😊 Секој работен ден е нов предизвик. Работниот ден започнува со состанок со колегите каде одлучуваме на кои task-ви ќе се работи тој ден, потоа следува кафе, и започнуваме со работа која вклучува многу гуглање и консултации со колеги како би добиле идеално решение.

Како академијата ти помогна во новата кариера?

Да не беше академијата немаше да има нова кариера. Јас академијата ја започнав со нула предзнаење, буквално бев почетник. На академијата имавме можност да учиме од најдобрите, Стеве и Деки. Целиот концепт на академијата можам да кажам дека беше одлично скоцкан со оглед на тоа дека за само шест месеци целата група успеа да го совлада материјалот на кој работевме. Од огромно значење беа редовните вежбите, домашните задачи и секако Хакатоните беа најзабавниот дел. Работата во мали групи им овозможува на менторите да можат да се посветат на секој од нас поединечно, додека интерактивната настава допринесе во нашиот побрз развој. Посветеност и истрајност и успехот е неизбежен.

Што би им препорачала на сите што размислуваат да започнат со програмирање?

Не размислувајте, започнете веднаш, бидејќи може да ви биде life changing moment и по една година да ви биде криво што не сте го сториле тоа денес. ИТ технологијата се развива секојдневно и вртоглаво, никогаш не е здодевно, има доста предизвици и секогаш има простор за напредок.

Сакаш да научиш да програмираш?

Уписите за нашите академии се во тек. Прочитај ги искуствата на студентите.

yellow circle