Која е Кириана и што прави во skillup Битола?

За да го задржиме вниманието на децата подолго од 5 минути, есенцијално е материјата да им се предаде на што е можно посликовит начин. Важно е да ги воведеме во светот на програмирањето преку игри со кратки паузи и практични задачи, кои ќе треба да ги извршуваат сами со цел да ги мотивираме да бидат активни и фокусирани.

Запознајте ја Кириана – дипломиран софтверски инженер, за кој програмирањето е како вкусен мафин!
Зошто баш мафин и кои се нејзините тајни вештини, дознајте тука 👇

1. Која е Кириана?

Здраво јас сум Кириана, дипломиран софтверски инженер, со повеќе од две години работно искуство во .net. Како програмер, мојата главна цел е секојдневно креирање на креативни решенија, за успешно справување со различни предизвици во областа на програмирањето. Лично, јас сум креативен дух кој сака да истражува нови можности и да го споделува своето знаење со други. И токму таа желба да го пренесам тоа што го умеам и да инспирирам млади умови ме донесе овде вo skillup. Во слободното време, сакам да се сретнувам со моите пријатели, да истражувам нови места и да учам нови работи.

2. Кое е твоето претходно работно искуство?

Во суштина,  мојот кариерен пат е спој на кодирањето и едукативниот процес. Ја започнав мојата кариера како демонстратор по програмирање, каде што имав привилегија да го споделам моето знаење и ентузијазам за програмирање со студентите од Европскиот Универзитет во Скопје. Сега, како .NET девелопер, имам можност да работам со извонредни професионалци во индустријата, кои постојано ме инспирираат и ги поттикнуваат моите амбиции.

3. Зошто мислиш дека децата треба да учат програмирање?

Сметам дека децата треба да се воведат во програмирањето и тоа на што е можно порана возраст. Програмирањето ги надоградува нивните вештини за справување со нови предизвици. Ги учи како да ги разградат сложените задачи на помали, поедноставни делови и да наоѓаат креативни решенија. На тој начин ги поттикнува да бидат креативни и да го развиваат своето логичкото размислување.

4. Ако програмирањето беше јадење, кое јадење би било и зошто?

Хаха! Ако програмирањето беше храна, тоа дефинитивно ќе беше мафин! Креативен, со многу сласти, и секој може да го адаптира според своите вкусови. Програмирањето, како и мафините, може да биде прилагодено за секој различен апетит и потреба.

5. Кој е твојот таен/скриен талент што би ги изненадил учениците?

Мојата тајна вештина која би ги изненадила децата, е мојата способност да ги претворам комплексните концепти во интересни приказни и задачи. Ги ангажирам со интерактивни вежби и го правам учењето забавно и практично.

6. Како да им се задржи вниманието на учениците подолго од 5 минути?

За да го задржиме вниманието на децата подолго од 5 минути, есенцијално е материјата да им се предаде на што е можно посликовит начин. Важно е да ги воведеме во светот на програмирањето преку игри со кратки паузи и практични задачи, кои ќе треба да ги извршуваат сами со цел да ги мотивираме да бидат активни и фокусирани.

7. Каков совет би им понудиле на родителите кои се заинтересирани да го запишат своето дете на Академијата?

На родителите кои се заинтересирани да ги запишат своите деца на академијата, мојот совет е да бидат поддржувачи на нивниот едукативен развој и да ги пофалат за секое мало достигнување. Тоа значи да ги охрабруваат во изразувањето на своите идеи и да им дозволат да растат во чекор со технологијата. На крајот, тоа е влез во светот на бескрајните можности и иновации.

yellow circle