Секој ден е различен и носи нови предизвици!

Со Влатче се запознавме пред година и пол кога дојде да разговара за упис на академијата. Остави впечаток на супер дечко со многу љубов кон технологијата. Денес, една и пол година подоцна, разговараме со него за неговото искуство како студент кој се вработи веднаш после завршувањето на академијата.

Помина една година откако ја заврши академијата и успеа веднаш да се вработиш. Дали новата работна позиција ги исполни твоите очекувања и кои беа новите предизвици со кои се сретна?

Можам да кажам дека го направив вистинскиот избор. Секогаш се стремиме да бидеме подобри и успешни, и сум на правиот пат.

Како ти поминува еден работен ден во новата компанија?

Секој ден е различен и носи нови предизвици. Генерално гледано, денот започнува со кафе и планирање на тековните задачи, редовни состаноци и многу куцање код.

Која е твојата идеална работна атмосфера?

Идеална работна атмосфера? Посветеност, флексибилност, отворена и искрена комуникација со колеги, соработка и поддршка, почит и разбирање, и многу смеа.

Дали сите работи коишто ги изучуваше на академијата ги сретнуваш во секојдневните работни обрски и колку често се сретнуваш со нови работи од кои исто така секојдневно учиш по нешто ново?

Самиот концепт на академијата е таков да се изучат сите потребни работи за секој кој ја посетува да стекне доволно знаење за да започне со пракса, а потоа и да може да се вработи како junior developer. Но, нашата работа вклучува и секојдневно учење на нови работи, и постојано се надоградуваме.

Дали си задоволен од новите колеги коишто ги затекна веќе таму и колку можеш да научиш нешто ново и од нив?

Сите дечки се супер. Сметам дека за успешна работа, многу е битно и опкружувањето и атмосферата во канцеларија. Секако дека учам и од нив, сепак имаат повеќе искуство од мене.

Сакаш да научиш да програмираш?

Уписите за нашите академии се во тек. Прочитај ги искуствата на студентите.

yellow circle