Сериозни прашања, несериозни одговори – со Дориа

Дориа за 10 години ИЛИ ќе биде најјакиот програмер во светот ИЛИ ќе отвори рестиоран. Ама како и да е, телефон од дома мора да и купат.

Дориа за 10 години ИЛИ ќе биде најјакиот програмер во светот ИЛИ ќе отвори рестиоран. Ама како и да е, телефон од дома мора да и купат.

1.Што ќе им препорачаш на твоите дома?

Јас би им препорачала да ми купат нов телефон 😃

2. Кај се гледаш себе си за 10 години?

Јас за 10 години планирам да станам една од најдобрите програмери во светот.

4.Ако се вратиш назад во времето, што ќе и кажеш на помалата ти?

Би и кажала да не престане да си ги следи своите соништа!

4.Ако ти дадеме 1 милион за бизнис, каков бизнис ќе направиш?

Ако имам 1 милион денари,би направила ресторан за секакво јадење од целиот свет.

5.Што е најголемата глупост што ја имаш направено?

Пред неколку години, си играв со децата од маало и несакајќи ја фрлив влечалката на едно дете во еден двор…

6. Заглавуваш на пуст остров, можеш да бираш еден другар и еден предмет?

На пуст остров би била со мојата најдоба другарка Калина и би носела вода.

7.Кој ти е прв изговор кога касниш на час?

Наставничке се извинувам што каснам, алармот не ме разбуди…

8. Ако твојот ментор беше некој карактер од цртан филм кој ќе беше?

Дефинитивно супермен

9. Која песна би ја слушала до крајот на животот додека програмираш/дизајнираш?

Било која песна од Bruno Mars!

10.Ако можеш да живееш во било кој филм кој ќе беше тоа?

Ги обожавам новогодишните празници, така да Christmas Chronicles е мојот избор

yellow circle