Навики на секој успешен програмер

Замисли дека споредуваш резиме на двајца девелопери. Двајцата кандидати имаат скоро идентична позадина и вештини. Од програмски јазици, до платформи, методи на користење, индустрии, и така натаму. Може да кажеме дека тие се истата личност, ама на хартија. Има толку многу работи што може да наговестат дека едниот програмер е различен и може многу повеќе да напредува отколку неговиот колега.

Техничките вештини и искуството во програмирање те носат до одредена точка на успех. Најуспешните програмери имаат развиено различен mindset од останатите. Како да се издвоиш од останатите програмери и да бидеш успешен во твојата работа?

Пишувај чист код

Прва навика кај успешните програмери е дефинитивно пишувањето на чист код. Можеш да следиш било каков стандард за кодирање, но направи твојот код да биде разбирлив и читлив. Технологијата се менува рапидно, и често ќе се случува да ги подобриш или измениш кодовите кои се веќе напишани. Затоа, напиши го твојот код разбирливо, за да може и твојот колега да го измени доколку во иднина се јави таква потреба.

Постојано учи

Овој феномен “прежувување на најдобрите” важи и во ИТ индустријата. Да преживееш во оваа динамична индустрија треба постојано да учиш и да се надоградуваш. Работодавците денес сакаат нивните програмери да бидат во тек со најновите програмски јазици и стандарди на работење. Доколку сакаш да бидеш во тек со последните случувања, можеш да следиш различни блогови од твојата индустрија, онлајн тренинзи, можеш да слушаш подкасти, и друго.

Биди дисциплиниран и упорен

Дисциплината и упорноста се навика која треба да ја има секој програмер доколку сака да биде успешен во тоа што го работи. Дисциплината ќе ти помогне да ги завршуваш твоите задачи на време.

Master your craft

Не секој е создаден да работи повеќе работи одеднаш. Можеби си добар во UI и UX, но не се снаоѓаш добро со backend делот од апликацијата. Успешниот програмер ги знае неговите таленти и пробува да искористи максимум од нив.

Секогаш биди отворен за нови идеи

Да ја исполни желбата на својот клиент, некогаш програмерот ќе треба да оти по пат кој никогаш не го одел, истражувајќи друга технологија или програмски јазик. Зборот “невозможно” не е дел од речникот на еден програмер.

Обрнувај внимание на детали

Можеш да се консултираш со било кој успешен програмер, и секој од нив ќе ти каже дека за да напишеш перфектен код, како и да завршиш проект успешно, треба да обрнуваш внимание на деталите. Не би сакал да го пишуваш твојот код неколку пати поради мали грешки. Затоа, отвори ги очите и внимавај на секој детал од својот код.

Имај го крајниот продукт во памет

Не можеш да ја исполниш целта доколку не ја гледаш веќе. Што навистина сакаш да постигнеш со секој поединечен код? Доколку си поставиш јасна цел, многу полесно ќе ти биде да работиш за да ја достигнеш.

Иначе, ние во SkillUp имаме уписи за нови студенти на Академиите за Програмирање во февруари. Разгледај и резервирај си место на следниот линк

yellow circle