Програмирање за деца: Како да го насочите вашето дете?

Во последните неколку години, програмирањето за деца е популарна тема. Подолу ќе објасниме зошто и како децата можат да започнат.

Не е тајна дека родителите го посакуваат најдоброто за нивните деца, а главната цел е да им овозможат добра потпора во животот. Една од најдобрите работи кои можете да ги направите е да им обезбедите квалитетна едукација која ќе им помогне да изградат кариера. Во последните неколку години, програмирањето за деца е популарна тема. Подолу ќе објасниме зошто и како децата можат да започнат.

Кодирање за деца од основно образование

Светот се интересира за оваа тема веќе некое време, а програмирањето почна да се смета за вештина која вреди да се изучува насекаде низ светот. Процентот на родители кои се сложуваат со ваквата одлука е се поголем. За среќа, има милион начини преку кои децата можат да научат, а не е потребна формална училишна настава – или да дојдат до одредена возраст за да се запишат на училиште.

За почеток, нереално е да очекувате од мало дете да има опсег на внимание и трпение како возрасен човек. Меѓутоа со вистинскиот пристап, може да го запознаете со најосновно кодирање.

Таблетот може да биде многу повеќе од само за гледање цртани филмови: Апликации за кодирање за деца

Многу родители велат дека нивните деца се фанови на таблети и компјутери – некогаш и до степен на екстремност. Ако ви изгледа невозможно да ја побиете нивната фасцинација, не го правете тоа. Со посебни игри за кодирање (за деца над 4 години), ќе го пренамените таблетот од занимација во едукативен уред. Следниве 3 игри се едни од најпопуларните:

Move the Turtle – го користи програмскиот јазик Logo, кој е специјално дизајниран за едукативна намена. Како што кажува самиот наслов, детето ја поместува желката користејќи инструкции за програмирање. Секое наредно ниво е нов предизвик.

Daisy the Dinosaur – едноставниот drag and drop интерфејс ти дозволува да го анимираш суштеството, да направиш да се врти, да скокне, па дури и да игра, додека истовремено го учи корисникот како да програмира.

Hopscotch – За разлика од претходно споменатите апликации за кодирање за деца, оваа е наменета за малку повозрасни. Може да се употребува за учење од дома или да се предава во основните училишта. Со користење на програмскиот јазик Scratch, се олеснува начинот на програмирање.

Онлајн игри за програмирање

Апликациите за таблет се добар избор за помалите деца да разберат што е тоа кодирање. Тие го покриваат делот за објаснување на основни концепти, но да се даде јасна претстава за вистинските програмски јазици, потребно е малку повеќе од користење на таблет и играње игри. Ако вашето дете е 7+ години и веќе знае да чита и пишува, можете да му покажете програмерски игри кои се достапни онлајн на било кој пребарувач. Омилени меѓу помладите се овие 3:

Scratch – дизајниран е за возраст помеѓу 7-14 години и децата можат да го користат за креирање на интерактивни приказни, анимации и игри. Визуелното програмирање базирано на блокови им дозволува на децата да го видат резултатот од нивниот код веднаш и да научат концепти и техники без да пишуваат код. Програмирањето се извршува со drag-and-drop методот, што го прави Scratch едноставен и интересен за користење.

CodeCombat – нуди голем избор на дисциплини кои може да ги научи вашето дете, вклучувајќи и веб девелопмент, иако не се ограничува само на тоа. Играта води низ повеќе нивои и предизвици, а зависно од целта која сакате да ја постигнете, може да научите HTML, CSS, JavaScript, Python итн.

CodeMonkey – има добиено награда за најдобар едукативен/дигитален програм за деца. Во играта треба да му помогнеш на мајмунот да собере банани, додека извршуваш различни задачи. Служи како алатка за изучување на програмските јазици CoffeeScript и Python.

Претвори го кодирањето во детска игра преку специјализирани играчки

Некои родители се нерешителни околу програмирањето за деца, затоа што мислат дека нивното дете ќе мине часови пред екранот. Ќе се изненадите кога ќе дознаете дека тоа не е неопходно за да се научи кодирање.

Robot Turtles – Ова е најпродаваната друштвена игра. Може да се игра со уште 4 други луѓе, преку карти и неколку видови на плочки. Таа ни претставува програмерски концепти на начин на кој и 4 годишно дете може да одговори. Со поместување на желките треба да стигнете до дијамантот, а по пат да научите команди, програми, функции и откривање на грешки.

Истражи ја роботиката

Некои модели на робот се одличен начин за изучување на програмирање, особено за малку постари деца. Креирањето и контролата на нешто е фасцинантно само по себе, особено за младите кои се поврзани со технологија и за љубителите на научна фантастика. Има огромен избор на играчки кои можете да ги купите, зависно од предностите на вашето дете. Да погледнеме некои од нив:

Dash – сладок робот, кој се поврзува со iOS и Android уреди. Можеш да го контролираш преку апликација. За секоја возрасна група има различно ниво на комплексност. Преку кодирање се овозможува движење на роботот, интеракција и реакција при допир. За него има дополнителни алатки кои може да се порачаат и го прават помоќен.

Lego – Нивната приказна ја започнаа со дрвени играчки, а подоцна запишаа историја со пластичните блокови за градење. Сега, сакаат да ги научат малите да програмираат. Тие нудат два сета за кодирање: Lego Boost (7-12 години) и Lego Mindstorms (10+ години). За да го направат програмирањето за деца подостапно, системите се базираат на drag and drop. Секој сет овозможува креирање на различни роботи, кои се контролираат преку компјутер, таблет или телефон. Со ова децата учат како програмирањето е поврзано со роботиката и како можат да изградат нешто свое.

Може да ги пробате сите алатки кои ги објаснивме погоре и многу други, а вашето дете сепак да не го одбере овој пат во животот. Дали ова значи дека не сте успеале? Апсолутно не! Нашата цел е да не ги форсираме децата да го живеат нашиот сон, тие треба да изградат и да живеат свој.

Програмирањето за деца не е за да ги турнеме во светот на технологијата, најпрво е за да ги научиме да размислуваат! Дури и најосновните задачи со кодирање ќе му помогнат на твоето дете да решава проблеми, да мисли отворено и да најде пократок пат. Само кога ќе се сретнат со предизвици од различен карактер, тие ќе можат да ја употребат нивната креативност и да бидат желни за знаење.

Најважно од се, ќе ја зголемат својата самодоверба. Ако некој може да направи роботот да игра, само со неколку кодови – има нешто што не може да направи?

Секое дете е генијалец. Кога ќе го откриете потенцијалот на вашето дете, тука е Академијата за програмирање за деца на SkillUp за развивање на креативноста, логиката и размислувањето уште од најмали години.

yellow circle