Водич за креирање на успешна e-mail маркетинг кампања за мали и средни бизниси.

Поради големата заситеност од социјалните мрежи, кампањите за e-mail маркетинг стануваат се поголем составен дел на секоја маркетинг стратегија, без разлика дали бизнисот се води како мал или голем.

Скоро 77% од корисниците одбираат сами да се зачленат на e-mail листи на компании, па затоа овие кампањи се совршен начин кој овозможува да го претставиш твојот бренд во најдобро светло, да стапиш во контакт со потенцијални потрошувачи, да ја зголемиш посетеноста на твојот вебсајт и да собереш важни информации за корисниците.

За таа цел направивме чекор-по-чекор водич кој ке ти помогне твојата e-mail маркетинг кампања да биде успешна!

Пред да започнеш…

Треба да ги прецизираш твоите цели кои сакаш да ги постигнеш со оваа кампања. Во зависност од индустријата на која припаѓа твојот бренд и неговата големина, твојата цел може да биде:

  • Да ги потсетиш корисниците дека твојот бизнис постои
  • Да наградиш одредени потрошувачи со специјални промоции
  • Да им испраќаш редовни e-mail понуди на потенцијалните купувачи додека не се одлучат да го купат твојот производ
  • Да бидеш активен во пронаоѓање на потенцијални купувачи кои би го купиле твојот продукт/услуга кој го нудиш
  • Да ги охрабриш корисниците да ги поканат нивните пријатели
  • Да комуницираш и да градиш добра слика за твојот бренд

Одлучи кон што целиш и искористи го овој водич да те понесе низ креирање, поставување и анализа на твојата кампања.

Откако ќе ја дефинираш крајната цел на твојата e-mail стратегија, треба да избереш e-mail маркетинг софтвер кој е соодветен на твоите потреби. Подолу направивме листа од 7 добри и познати софтвери кој можеш да ги користиш за оваа цел:

  1. Constant Contact
  2. AWeber
  3. ConvertKit
  4. GetResponse
  5. MailChimp
  6. Campaign Monitor
  7. ActiveCampaign

Спремен си? Може да поченеме!

ЧЕКОР 1: Направи e-mail листа од квалитетни адреси

Размислувај како твоите потрошувачи и запрашај се самиот: Што би сакал мојот потенцијален купувач да добие во неговиот инбокс? Што ќе добие за возврат ако ја остави неговата e-mail адреса? Која ќе биде твојата порака? (пр. “Дознај повеќе”; ”Посети ја продавницата денес”). Биди што е можно поконкретен, за твојот корисник да знае за што се пријавува и да не се разочара веднаш штом ќе почнат да му пристигнуваат твоите меилови. Со други зборови, земи во предвид на кого, што му нудиш.

На пример:

  • Понуди нешто што е бесплатно
  • Понуди newsletter со интересни новости или информации за некој продукт

Покрај оставање на e-mail адреса на твојот вебсајт, има и други начини преку кои можеш да создадеш e-mail листа:

  • При регистрација на профил: Ова е исто така добар начин, но да не заборавиме дека придобивките од регистрација на твојот вебсајт треба да бидат јасни за корисниците!
  • Word of Mouth: Вметни e-mail најава за твоите потрошувачи да можат да проследат производи, информации, листи со желби и многу повеќе на своите пријатели
  • Customer request: Кога посетителите на твојот вебсајт ќе побараат каталог, некоја информација или цена, побарај ја нивната e-mail адреса
  • При извршување на наплата: При купување на некој од твоите продукти, дали онлајн или во живо, побарај нивна e-mail адреса

ЧЕКОР 2: Раководи со автоматизираните reply пораки

Потенцијален потрошувач се зачлени на твојот сајт, што понатаму? Првиот e-mail кој го добива после најавувањето е пресуден за успехот на твојата e-mail кампања. Користејќи ја e-mail услугата која ја одбра (MailChimp, Constant Contact, GetResponse итн.), можеш да примениш автоматски e-mail одговор. Овој e-mail треба да содржи општи информации за компанијата, како и план на искористување на веќе добиената e-mail адреса на корисникот.

Важно: Оствари ги очекувањата на твојот корисник. Ако се пријавил да добива маилови од тебе 2 пати во неделата, осигурај се да ги добие. Доколку не си истраен во тоа, ризикуваш да изгубиш вредни клиенти.

ЧЕКОР 3: Паметно искористи ги резултатите од твоите претходни кампањи

Повеќето e-mail услуги овозможуваат системска анализа на содржините – слободно искористи ги! Фокусирај се на бројот на корисници кои ја отвориле e-mail кампањата (Open Rate), соодносот на корисници кои кликнале на одреден линк и оние кои ја посетиле страната/рекламата (CTR – Click Throught Rate), како и оние кои се откажале од добивање на e-mail пораки (Unsubscribers).

Кога знаеш каде и што треба да провериш, ќе добиеш јасна претстава зошто твојата e-mail маркетинг кампања е успешна или неуспешна.

  • Ако твојот ‘CTR’ е слаб, тоа значи дека твоите пораки не ги задоволуваат интересите на твојот корисник. Поправи го ова со таргетирање на твојата содржина и воведување на поинтересна содржина.
  • Ако твојот процент на корисници кои направиле ‘Unsubscribe’ е поголем од оние кои се претплатиле (направиле Subscribe), твојата кампања е неефективна. Мораш да истражуваш кога/зошто корисниците си заминуваат и да преземеш нешто во врска со тоа.

Наоружан со сите овие информации, не чекај и започни со процесот на распределба! Со други зборови, подели ја твојата e-mail листа на помали таргетирани групи. Насочената комуникација е добра за корисниците и ќе ги натера да останат зачленети на твојот сајт.

Запомни дека твојата e-mail листа е една од најголемите вредности на твојот мал бизнис. Времето и трудот кои ќе ги вложиш во нејзе, како и водењето на e-mail кампања, ќе покажат вистински резултат.

Какво е твоето искуство со e-mail маркетинг? Како истото му помогна на твојот мал бизнис? Како ги контактираш веќе постоечките корисници, додека истовремено бараш нови? Сподели ги со нас твоите препораки.

yellow circle