Тања: Упорност и верба во себе резултираат успех

Од каде желба да почнеш да учиш програмирање?

Од мала ме интригираше работата со комјутери, љубопитнoста околу технологијата, игрите за тоа како функционираат работите ме доведоа до ова што го работам сега. Сето тоа го пронајдов во оваа професија.

Што работеше пред да се запишеш на Академијата за програмирање?

Пред 5 години љубовта кон патувањето ме однесе во Катар каде 3 години живеев и работев како Captain во лукзуен хотел со 5*. Кога се вратив во Македонија продолжив со хотилиерство и работев како Front-desk агент во хотел со 5*, но тогаш ја добив повторно желбата да се вратам во ИТ светот и морам да признаам дека повторно се пронајдов себеси. Програмирање е дефинитивно она што сакам да го работам во иднина.

Дали имаше претходно предзнаење кога се работи за програмирање?

Имав мало предзнаење како функционираат одредени работи стекнати во средното, а потоа и на Факултетот за информатика на кој дипломирав, но сепак сметав дека е потребно многу повеќе знаење за да се успее во оваа професија така што на Академијата дефинитивно бев почетник. Сега кога ја завршив Академијата свесна сум колкава е разликата помеѓу она што го знаев пред да се запишам и она што го знам сега.

Како слушна за SkillUp?

Дознав сосема случајно од моја пријателка. Мојата сестра ми помогна при селекција и благодарение на нејзиниот совет, го избрав токму SkillUp. И можам да кажам дека сум го направила најдобриот избор за себе.

Што те привлече да се запишеш?

Верував дека тоа ќе биде големо дополнување на моето знаење поради тоа што едно е да учиш сам дома, а друго е да добиваш знаење од луѓе со големо искуство.

Како си задоволна од менторите и целокупните предавања?

Презадоволна сум! Целиот тим на академијата вложи неверојатен труд. Групите се со мал број на студенти, така што секој од нас доби внимание и целиот процес на предавање ми беше многу интересен. Стекнав нови пријатели со кои продолживме да се дружиме и приватно.

Која академија ја посетуваше и зошто?

Frontend академијата беше нај соодветна за она што јас сакав да го работам. Научив многу за процесот на изработка на веб апликации и како се дизајнираат и имплементираат функционалности на истите.

На какви проекти работеше во текот на Академијата?

Портфолио од реални проекти кои ќе ги работевме во тим и сами, под менторство на инструкторoт. Направив лично портфолио во форма на веб страна, а потоа работев на веб апликација за листање и рангирање на филмови. Во моментов сум во фаза на одбирање на проект за мојата дипломска работа.

Многу од луѓето кои размислуваат да почнат да учат програмирање сами или пак на академијата имаат иницијален страв и предрасуди за истото. Дали тоа беше случај со тебе и колку е навистина страшно да станеш програмер?

Како што кажав погоре , едно е да учиш дома сам, а друго е да посетуваш настава од стручни професори. Можам да кажам дека само со работа, труд, упорност и посветеност, целиот страв исчезнува. Да, секој може да стане програмер доколку вистински го сака тоа.

Што најмногу ти се допаѓа во новата професија? За какви проекти сонуваш во иднина?

Флексибилноста, тоа што може да се работи не само од канцеларија туку и додека си на плажа, планина или било каде. Сон ми е да работам на проекти каде можам да направам иновација која ке се користи.

Кои се твоите навики за кои мислиш дека најмногу ти помогнале да успееш да ја направиш оваа трансформација во кариерата?

Позитивниот став, разликување на приоритетите и завршување на веќе започнатото, всушност е суштинскиот елемент за успех.

Што научи во SkillUp?

Дека најважно е прво да знаеш ШТО треба да направиш, а потоа КАКО ќе го направиш. Поставување на добра основа а најважна за секој проект.

И најголемиот програмерски hint: ако нешто не знаеш ти, знае Google. Стеве, слушнато и запаметено 😜.

Како ти помогна Академијата, и дали вредеше?

Со оглед на тоа што уште пред самото завршување на академијата започнав како практикант во Blasoft Solution, да апсолутно вредеше.

Што би им порачала на сите што размислуваат да променат кариера во моментов?

Никогаш не е доцна да го направиш она што го сакаш. Упорност и верба во себе резултираат успех. So, go for it!

yellow circle