Што е iOS програмирање и како да започнеш кариера во оваа технологија

Развојот на мобилни апликации е вештина која денес особено се цени. Како расте бројот на луѓе кои се одлучуваат за оваа работа, така се зголемува и потребата да се користи најбараната мобилна технологија.

Популарноста и големата побарувачка на производите на Apple, се доказ дека iOS програмирање е знаење кое многу луѓе би сакале да го поседуваат. Големите можности за вработување во светот на iOS, високите плати и брзиот раст на кариерата, привлекуваат професионалци кои денес се многубројни и ја водат оваа индустрија.

Ти требаат повеќе причини за да започнеш со iOS програмирање? Продолжи да читаш за да дознаеш…

Што му е потребно на еден iOS програмер?

Пред да го напишеш првиот код за апликација, потребно ти е:

  • Apple Mac компјутер кој работи на последната верзија на macOS
  • Xcode-софтверска апликација (integrated development environment – IDE)
  • ктивен Apple акаунт за програмери, кој чини 99$ годишно

Овие три услови функционираат заедно. Само активните членови на Apple програмот можат да објават апликација на Apple App Store. Само апликации направени и издадени преку Xcode, имаат квалификации за да завршат на App Store. Xcode работи само на macOS, а macOS работи само на Apple компјутери. Добрата страна е тоа што Xcode нуди многу повеќе од горенаведеното. Оваа софтверска апликација содржи интерфејс дизајнер, уредник на кодови, опција за тестирање, каталог на алатки кои ги поседува итн. Уште подобро е тоа што Apple ти го овозможува Xcode бесплатно.

Одбери iOS програмски јазик

Има само два програмски јазици за развој на iOS,

Objective-C: Создаден во раните 1980ти, бил единствениот програмски јазик на сите Apple продукти кој траел неколку декади. Произлегува од C-јазикот и се ориентира кон пренесување на пораки до различни процеси (обратно од традиционалното C-програмирање, кое ги повикува процесите). App Store сеуште ги одобрува програмите напишани во Objective-C и покрај создавањето на Swift програмскиот јазик во 2014 година.

Swift: Ова е новиот и подобрен програмски јазик на iOS кој во моментов го користат најголем дел од програмерите Иако е многу сличен со Objective-C, Swift е дизајниран да користи поедноставена синтакса и додава поголем фокус на безбедноста, за разлика од неговиот претходник. Лесен е за изучување, дури и за почетници. Поради тоа што Swift е побрз, побезбеден и полесен за користење од Objective-C, имај во план да го користиш за да ја развиеш твојата апликација (освен ако немаш некоја посебна причина да се задржиш на Objective-C).

Користи APIs (application program interface) и libraries

Една од поголемите придобивки во развојот на iOS е големата колекција на ресурси кои ти се достапни. Поради стандардност и истрајност на iOS, Apple има можност да издава постоечки програмски интерфејс и библиотеки кои се стабилни, нудат различни можности и лесни се за користење. Овие комплети можеш да ги користиш за да ја интегрираш твојата апликација во веќе постоечката инфраструктура на Apple.

На пример, ако работиш на компјутерски управувач на смарт тостер за домашна употреба, можеш да користиш HomeKit (Софтверски framework кој ти дозволува комуникација и контрола на смарт домашни уреди) за да оствариш врска меѓу смарт-тостерот и телефонот.

Вакви комплети (сетови/китови) има за развој на игри, апликации за здравје, мапи, камери, Сири, Apple виртуелен асистент итн. Истите ти овозможуваат да ги користиш вградените карактеристики на iOS и лесно да додадеш нови апликации кои ќе се поврзат со социјални мрежи, ќе користат камера или календар или автоматски ќе снимаат/повторуваат видеа од некои натпреварувачки игри.

Искористи ги cloud услугите

Со конектирање на твојата апликација (преку API), можеш да го користиш твојот ‘cloud’ како меморија, за организација и преземање содржини од компјутер, како и место каде се пренасочува ‘cache’ содржина.

IBM Cloud поддржува Swift frameworks како Kitura, за извршување на backend задачи и разработка на веб апликации. Можеш да повикаш REST API (интерфејс) од самата iOS апликација. Со користење на Kitura, можеш да работиш со низа на IBM Cloud услуги како автоматски повратни пораки, бази на податоци, анализа на содржини итн.

Тестирај локално, тестирај глобално

Дури и најдобрите програмери не пишуваат совршени кодови. Еднаш кога ќе ја напишеш апликацијата, мора да ја тестираш. За среќа, нема да имаш потреба да тестираш мобилни уреди од повеќе производители, како што е за Android. iOS е мобилен оперативен систем кој припаѓа само на Apple. Ако сакаш да ја тестираш твојата апликација на повеќе генерации на iPhone (со повеќе оперативни системи), повторно ќе имаш помалку уреди за тестирање отколку со Android

Колку тестови и да направиш, сепак ќе сакаш различни луѓе да го тестираат твојот софтвер. Apple го олеснува овој чекор и дозволува твои пријатели или некоја база на корисници да ја разгледаат апликацијата преку TestFlight, а членовите на Apple Developer Program да ја тестираат со 25 корисници, на 30 уреди секој. Твојот тим има можност да ја спреми апликацијата за Apple Beta прегледот, пред да ја пуштат во употреба.

Првиот чекор на тестирање е Xcode. За разлика од стандардните тестови, Xcode нуди автоматскo UI (User Interface) тестирање. Можеш да напишеш код-тестови кои ќе управуваат со твојот интерфејс, за да лоцираш каде има недостатоци. Ова функционира преку стимулација на вистински корисник во контакт со твојата апликација.

Веднаш штом Apple ќе ја одобри твојата апликација под нивни правила, можеш да поканиш до 10.000 корисници да ја симнат тест верзијата. Тие најпрво треба да симнат TestFlight апликација и преку посебен линк имаат пристап директно до твојата. За возврат, автоматски добиваш информации за начинот на користење, а корисниците лесно можат да остават повратен коментар за било какви проблеми.

Објави ја твојата апликација на App Store

Кога ќе бидеш подготвен, треба да ја објавиш твојата апликација на AppStore, а тоа можеш да го направиш директно од Xcode. Биди трпелив, процесот на прегледување на апликацијата може да потрае пред да го добиеш финалното одобрување.

Кога ќе помине и овој процес, треба да ја изработиш твојата страна на App Store преку програм наречен App Store Connect. Доколку твојот план е да ја продадеш апликацијата, не заборавај дека Apple зема 30% од приходот, плус оние 99$ годишен данок како член од Apple Developer Program.

Дали си спремен да станеш дел од развојот на iOS апликации? Ако твојот одговор е да, наскоро ќе имаш можност да станеш дел од нашата Академијата за iOS програмирање во SkillUp!

Испрати ни твои контакт податоци за да бидеш во првите на листата на селекција!

yellow circle