Доколку сакате да градите кариера во Front-end програмирањето сигурно сте слушнале за Angular. Но што вусшност е Angular и зошто толку многу сакаат да го користат компаниите?
Што е Angular?
Накратко, Angular е JavaScript библиотека што се користи за градење на single page апликација.
Сега можеби се прашувате што е JavaScript библиотека?
JavaScript е програмски јазик кој станува се повеќе популарен кај веб програмерите. И покрај тоа што секоја страница е различна, многумина ги користат истите функции на JavaScript. Размислете само колку страници користат слајдери и интерактивни форми. Наместо рачно да ги кодираат овие елементи секој пат, библиотеките на JavaScript како Angular содржат претходно напишан код што може да се искористи на спроведување на заеднички функции на JavaScript.
Зошто е Angular толку популарен?
Angular e производ изграден од Google, и сите продукти на Google ја користат оваа библиотека. Да го земеме на пример Gmail. Важен факт што треба да го приметите е дека Gmail е single-page апликација. За разлика од веб страниците со повеќе страни, оваа веб страница дава податоци на предната страна, овозможува пристап до зачуваните податоци во офлајн режим исто така можете да кликате меѓу различни меилови и категории без одложување, да ја користите страната офјалн итн.
Библиотеките со JavaScript како Angular, помагаат веб прелистувачите да се претворат во целосно интерактивни искуства што изгледаат како целосно функционална апликација наместо традиционална веб страна.
3 причини зошто треба да научите Angular?
Ако сакате да си дадете предност во Front-end кариерата , учењето на Angular e еден од начините да ве одвои од конкуренцијата. Angular постои од 2010 година и е исклучително популарен. Минатата година Angular беше трета најпопуларна библиотека во истражувањето за програмери на Stack Overflow и втор по користење во Македонија. Еве три причини зошто треба да научите Angular :
1. Аngular е флексибилен и ефикасен
- Со оглед на тоа што Angular e изработен од Google, не е ни изненадување што Angular е поддржан на сите веб прелистувачи. И неговата модуларна структура значи дека е многу полесна за управување и ажурирање на Angular проекти отколку оние развиени со други библиотеки на JavaScript.
- Претходно вградените функции во Angular ќе ви заштедат време што инаку би го потрошиле за програмирање на вашиот проект линија по линија.
- Плус, со функциите на Angular може да се изработат набрзина проекти кој ќе изгледа одлично.
2. Се зголемува побарувачката за Angular програмери
- Бидејќи поголемиот дел од светот стана дигитален во 2020година, работодавците ширум светот се во потрага на талентирани програмери во Angular. За жал, едноставно нема доволно Angular програмери колку што е голема побарувачката, што значи дека компаниите се подготвени да платат повеќе за програмерите кои се запознаени со библиотеката.
- Колку заработуваат програмерите во Angular? Во просек јуниорите во Македонија заработуваат околу 30.000денари месечно, додека како Lead во таа област можете да заработите и до 130.000денари.
- И тоа како се исплати да научите Angular.
3. Не е потребно долго време за да се научи Angular
- Веќе го знаеме вашето прашање: Колку време е потребно за да се научи Angular? Одговорот зависи од вашето искуство. Една предност во учењето на Angular е тоа што се базира на вашето постоечко знаење за веб програмирањето.
- Ако сте нови во веб програмирањето, треба да бидете подготвени да вложите до една година во учењето на Angular бидејќи прво ќе треба да развиете други основни вештини, како основни концепти за програмирање, основи на веб програмирањето и основно разбирање на JavaScript, HTML, CSS.
- Можеби звучи многу, но ова се основни вештини што ќе ви требаат за да изградите кариера во програмирањето. Плус, учењето на Angular ќе го продлабочи разбирањето за структурата на JavaScript, што ќе ви се најде во текот на целата кариера. Но што доколку сте JavaScript професионалец? Тогаш големи се шансите дека ќе научите Angular во неколку недели.
Ако сакате да го научите Angular, проверете ја Front-End програмата што ја нуди нашата академија, каде што ќе научите како да работите со сите алатки потребни за Front-End програмер.
Други статии:
Дориа за 10 години ИЛИ ќе биде најјакиот програмер во светот ИЛИ ќе отвори рестиоран. Ама како и да е, телефон од дома мора да и купат. 1.Што ќе им препорача... 21 Nov.
Леонтина кај нас дојде во далечната 2021 година, остана со нас три години, се прошета низ програмите, и еве сега го дрма Њујорк. И направивме кафе,... 24 Oct.
👋 Запознајте ја Анѓелина, ментор на академијата за графички и веб дизајн. Дете кое го живее животот на возрасните, убаво пее и има син појас во аикидо 🥋. Дизајн... 24 Oct.