Дали Ќе Станам Програмер Ако Одам На Академија За Програмирање?

Запишувањето на академија е одлична почетна точка за вашето патување да станете програмер, да се запознаете со светот на кодовите и да го отклучите вашиот потенцијал. Но тоа е само едно парче од сложувалката…

Знаеме дека ова прашањето ве држи будни навечер, затоа одлучивме да го “разбиеме митот” и да објасниме како се станува програмер

Инстант Програмер

Во уписната еуфорија во skillup, едно од најпоставуваните прашања на студентите и родителите е дали ќе станат програмери ако се запишат на академија.

Одговорот е не.

Не можете да станете “Инстант Програмер” со запишувањето на академија. Запишувањето на академија е одлична почетна точка за вашето патување да станете програмер, да се запознаете со светот на кодовите и да го отклучите вашиот потенцијал. Но важно е да се запамети дека тоа е само едно парче од сложувалката и учењето штотуку почнува.

Успехот Не Доаѓа Преку Ноќ

Ако сте мрзливи, брзо се откажувате и гледате на програмирањето како некоја второстепена активност на која ќе ѝ посветувате половина час секој втор ден, тогаш загарантирано нема да станете програмер ако се запишете на академија. 

За да станете програмери потребна e безусловна посветеност и упорност. Ова значи дека ќе треба постојано да вежбате пишување на код и да работите на проекти кои ве предизвикуваат и ви дозволуваат да ги развиете вашите програмски вештини.

Светот на кодовите не е баш наједноставен, но со доволно учење и вежбање секој може да стане програмер. Важно е да бидете упорни и да имате на ум дека, како и за било која друга професија, не се станува програмер преку ноќ.

Дали Ова Значи Дека Запишувањето На Академија Е Губење Време? 

Апсолутно не! Академијата представува влезница која ја отвора вратата на програмерскиот свет и ви ги пренесува основните знаења што се потребни за да започнете со учење на програмирање.

skillup academy обезбедува одлична основа за започнување на вашето патување во светот на програмирањето. Нашите ментори користат интерактивни техники за учење базирани на игри за да им помогнат на децата да ги научат концептите за програмирањето и да усовршат важни животни вештини како решевање на проблеми, иновативност и креативност. 

И ти сакаш да станеш програмер? Ај на програмирање!

yellow circle