SkillUp супер херои: Ангела од академијата за Web Design!

За Skill Up дознав од социјалните медиуми, исто така и од мојата другарка која беше веќе запишана, па така и јас се охрабрив и многу ми е мило што сум дел од оваа прекрасна академија.

Суперхерој на денот: Ангела Николова.
Прва година во skillup на академијата за веб дизајн.
Ангела е нашиот Пикасо, кога не програмира таа ужива да црта, слуша музика или шета со другарките!
Ангела, остај тоа четките и моливите и ајде на интервју!

1.Како си?

Одлично!

2. Која e Ангела?

Јас сум Ангела Николова од Велес и сум ученик во ООУ ,,Васил Главинов”.

Имам 13 години и ова ми е прва година во Skill Up.

3.Што правиш кога не програмираш?

Во слободно време кога не програмирам најчесто учам, цртам или слушам музика. Исто така уживам да се шетам со другарките.

4.Како стаса да се запишеш на академија, како слушна за skillup?

За Skill Up дознав од социјалните медиуми, исто така и од мојата другарка која беше веќе запишана, па така и јас се охрабрив и многу ми е мило што сум дел од оваа прекрасна академија.

5.И што ќе ни кажеш за академијата?

За академијата имам само пофални зборови. Оваа година ми е прва, учам веб дизајн, односно како се прави веб сајт. Даваме структура со HTML и ја стилизираме страната со CSS. Можам да кажам дека не е многу тешко, има тешки делови да, но во глобала лесно се совладува материјалот. Секако за ова е заслужен и нашиот ментор Баже кој секогаш ни помага кога ќе заглавиме некаде. За да не ни биде монотоно имаше организирано Олимписки Игри и Escape Room настан, каде јас не успеав да присуствувам, но се надевам следната година дека ќе учевствувам.

6.Се гледаме наредна година?

Секако дека се гледаме следната година! Со задоволоство!

yellow circle