Кој е Зоки од Велес и што прави во skillup?

Информатичките вештини се есенцијални за интегрирање и поттикнување на младите да напредуваат во денешниот динамичен свет, поттикнувајќи критичко размислување, тимска работа и иновативност.

Запознајте го Зоки, електроинжинер со претек на позитивна енергија и љубов кон лазањите. Ментор на академијата за Web Design во Велес.

1. Кој е Зоран?

Дипломиран електроинженер во областа на електроенергетиката, автоматизацијата и обновливите извори на енергија. Иноватор, претприемач и рекреативен спортски ентузијаст.

2. Кое е твоето претходно работно искуство?

Две години активно работно искуство како електроинженер во различни области од автомобилската и нуклеарната индустрија, со дополнителни две години како full stack developer во ИТ индустријата.

3. Зошто мислиш дека децата треба да учат програмирање?

Да ги научиш децата да програмираат е исто како да им доделиш супермоќ со која ќе ги претворат своите идеи во дигитална реалност! Денес раната интеграција на децата во светот на технологијата е неопходен процес каде што креативноста се соочува со решавањето проблеми, имагинацијата се трансформира во иновација и младите умови се стимулираат да станат предводници на дигиталната револуција.

4. Ако програмирањето беше јадење, кое јадење би било и зошто?

Седејќи ја оваа аналогија, програмирањето би го поистоветил со процесот на правење лазања. Исто како што лазањите можат да се приспособат за различни вкусови и барања користејќи различни состојки, така и програмирањето нуди огромен број на јазици и алатки со цел да се задоволат различните потреби – притоа како што готвачот вклучува дел од својата магија при процесот на готвење, така и програмерите создаваат уникатни решенија користејќи ја својата иновативност. Крајниот резултат и во двата случаи е длабоко задоволувачки, без разлика дали се работи за вкусот на лазања или чувството на исполнетост поради успешно имплементираното софтверското решение.

5. Кој е твојот таен/скриен талент што би ги изненадил учениците?

Оние кои што ме познаваат добро велат дека поседувам never ending positive energy. Можеби тоа е еден од талентите кој ќе ги направи учениците да уживаат во предавањата.

6. Како да им се задржи вниманието на учениците подолго од 5 минути?

За ефективно да се задржи вниманието на учениците од суштинско значење е инкорпорирањето на интерактивни методи за учење, сегментирање на лекциите за полесна апсорпција, воспоставување јасни цели за учење, промовирање на заедничко учење преку групна работa – овозможувајќи простор за независно истражување и експериментирање, како и поттикнување ентузијастички пристап кон наставата преку претставување на релевантноста на вештините за кодирање преку примери од реалниот свет.

7. Каков совет би им понудиле на родителите кои се заинтересирани да го запишат своето дете на Академијата?

Информатичките вештини се есенцијални за интегрирање и поттикнување на младите да напредуваат во денешниот динамичен свет, поттикнувајќи критичко размислување, тимска работа и иновативност. Програмирањето нуди автентичен начин на самоизразување и развој на етичката свест неопходни за континуирано учење и придонес во општеството.

yellow circle