Запознајте ја Софија, ментор на академијата за Scratch во Битола.
Информатичарка со скриен талент за пеење, или барем така кажува таа.
1. Која е Софија?
Дипломирана професорка по македонски и англиски јазик, дипломирана информатичарка, наставничка и едукаторка, перфекционистка, истражувачка и иновативка. Љубителка на научна фантастика и читателка на книги.
2. Кое е твоето претходно работно искуство?
Повеќе од една деценија работа со деца на возраст од 6-14 години од областа на јазикот и информатиката, повеќе од две и пол децении работа со ИТ.
3. Зошто мислиш дека децата треба да учат програмирање?
Во суштина, програмирањето е поттик на креативниот процес кај децата, особено кога ќе сфатат дека создаваат нешто од ништо. Ги поттикнува истовремено да ја користат својата имагинација, своите вештини и способности. Поттикнува креативно размислување, решавање на проблеми и усовршување на математичките вештини. Едноставно, подобро разбирање на светот околу нив, бидејќи програмирањето и кодирањето се основа на секоја комуникација.
4. Ако програмирањето беше јадење, кое јадење би било и зошто?
Не сум баш по готвењето, ама за да зготвиш што и да е, прво ти треба желба и инспирација, па рецепт, соодветна количина на различни состојки, комбинирани на соодветен начин со цел да се создаде вкусно јадење. На пример, мојата омилена – пица Вегетаријана со многу маслинки и печурки.
5. Кој е твојот таен/скриен талент што би ги изненадил учениците?
Кога ќе се опуштам, убаво пеам. Барем така ми имаат кажано. И повремено сум хаус-мајстор.
6. Како да им се задржи вниманието на учениците подолго од 5 минути?
Во контекст на програмирањето, да им дадеш некаков проблем, кој навидум изгледа лесен за решавање. Но, штом навлезат во дискусија, ќе сфатат дека истиот може да се реши на повеќе начини. Ergo, вниманието е задржано повеќе од 5 минути 🙂 .
7. Каков совет би им понудиле на родителите кои се заинтересирани да го запишат своето дете на Академијата?
Живееме во ера кога информатичката писменост е неопходна, а програмирањето е патоказ за современото општество на брзи промени. Познавањата од оваа област на децата ќе им овозможи полесно да ги следат и да се прилагодуваат на тие промени. Истовремено, програмирањето може да биде интересно и забавно, исполнето со дружба и тимска работа.
Други статии:
👋 Запознајте ја Анѓелина, ментор на академијата за графички и веб дизајн. Дете кое го живее животот на возрасните, убаво пее и има син појас во аикидо 🥋. Дизајн... 24 Oct.
Запознајте ја Тања, нашиот нов ментор на академијата за веб девелопмент. Тања го споредува програмирањето со правење вкусна сарма.😋 Различните програмски јазици... 16 Oct.
Ова е Радмила, нашиот нов ментор на академијата за Scratch!За учењето програмирање ќе каже дека: “Исто како и возењето велосипед, учењето да се програмира е... 04 Oct.